Понекогаш сите седиме дома и ни се чини дека ги трошиме животите без врска, без разлика дали сме откажале планови или едноставно сме немале доволно емотивна енергија за луѓе. Понекогаш некој не враќа на пораки, или не се јавува, па сме „принудени“ сами на себе да си бидеме друштво. Од овие причини и се мисли дека социјалната анксиозност и осаменоста се поврзани - а всушност, не мораат да бидат.