
1. Чест сомнеж во себе и борба со тоа
Луѓето воспитани од нарцисоидни мајки постојано ги преиспитуваат своите инстинкти. Пофалбите биле непостојани или врзани за резултати, а не за автентичност и поради тоа, самодовербата ретко се стабилизира. Дури и малите одлуки делуваат тешки. Овој сомнеж во себе не е знак на неспособност, туку последица од отсуство на стабилно емоционално „огледало“. Кога одобрувањето е непредвидливо, довербата во себе се разградува и валидацијата се бара надворешно.
2. Хиперсвесност за расположението на другите
Емоционалната сигурност во детството зависела од „читање на просторијата“ - расположението на мајката можело нагло да се смени, па будноста станала начин на преживување. Во зрелоста, тоа се манифестира како постојано скенирање и брзо забележување напнатост. Ова често погрешно се толкува како емпатија, а всушност станува збор за анксиозност маскирана како интуиција. Опуштањето делува ризично; смиреноста никогаш не е загарантирана.
3. Тешко препознавање на сопствените потреби
Потребите често биле игнорирани, засенети или прогласени за непрактични. Со време, нивното изразување почнало да делува бесмислено или себично, па како возрасни, овие луѓе тешко ги именуваат сопствените желби. Често автоматски ги ставаат другите на прво место. Фокусот на себе предизвикува вина, а барањето помош се доживува како претерување.
4. Страв од поставување граници
Границите во детството можеби биле игнорирани, исмејувани или казнувани. Послушноста била побезбедна од отпорот. Во зрелоста, поставувањето граници изгледа емоционално опасно. „Не“ предизвикува анксиозност, а дури и здравите граници се доживуваат како отфрлање. Често се жртвува внатрешниот мир заради одобрување.
5. Прекумерно објаснување на одлуките
Автономијата ретко се почитувала ако немало оправдување, а објаснувањето станало начин да се избегне критика или контрола. Како возрасни, овие лица чувствуваат потреба да ги бранат изборите што не бараат одбрана. Молкот делува сомнително; јасноста се доживува побезбедно од самодовербата.
6. Склоност кон туѓата удобност и задоволство, или people-pleasing
Одобрувањето било условено и непредвидливо, па пријатноста кон другите станува стратегија за преживување. Со тек на време, тоа се автоматизира. Конфликтот се доживува како катастрофа, хармонијата станува приоритет, а потиснатата лутина се акумулира тивко.
7. Непријатност со комплименти
Пофалбите можеби доаѓале со услов - лесно се претворале во критика. Во зрелоста, афирмацијата делува нестабилно или манипулативно. Наместо уживање, се јавува сомнеж; комплиментите не гаѓаат како што треба.
8. Силен внатрешен критичар
Критичкиот глас на мајката често се интернализира. Грешките се доживуваат како лични и непростливи, одморот како незаслужен. Перфекционизмот станува цел, а достигнувањата ретко носат вистинско задоволство.
9. Привлекување емоционално недостапни партнери
Динамиката е позната, иако болна - непостојаноста се чита како доказ за љубов, а стабилноста како здодевна или небезбедна. Предупредувачките знаци се занемаруваат, надежта ги заменува доказите, а циклусот се повторува бидејќи е препознатлив.
10. Непријатност при соочување со лутина
Лутината во детството можеби била казнувана или негирана. Како возрасни, таа се потиснува и излегува како исцрпеност или огорченост. Без здрава лутина, границите слабееат, а фрустрацијата се свртува навнатре.
11. Претпоставка дека емоционалните потреби ќе бидат занемарени
Емоционалното отсуство било нормализирано рано. Во зрелоста, се прифаќа минимумот. Осаменоста е познато чувство, па не секогаш се препознава како проблем. Желбата за повеќе може да се доживее како претерана.
12. Страв да не си „ту мач“
Емоциите можеби биле означувани како драматични или непрактични. Како возрасни, овие лица се „смалуваат“, ги уредуваат реакциите и ја избираат тишината наместо искреноста. Автентичноста делува ризично.
13. Длабока емпатија
Често биле емоционални негуватели уште како деца; чувствата на родителот имале приоритет. Таа улога продолжува и понатаму: инстинктивно ги менаџираат другите, ја апсорбираат напнатоста и ја носат емоционалната работа.
14. Тешкотија да се чувствуваш безбедно или опуштено
Смиреноста во детството била непредвидлива и привремена. Нервниот систем останува во состојба на готовност. Мирот се чувствува како „заработен“, не дозволен, а телото ретко целосно се опушта.
15. Длабока желба за одобрување
Врската никогаш не делувала сигурна или целосна. Одобрувањето било повремено или ускратено, а таа празнина не исчезнува со возраста.
Одобрувањето мора да доаѓа од внатре. Исто и решението и „затворањето“ на проблемот. И чарето е работа на себе.