Да бевме гинеколози, ќе си ги запалевме лиценците и ќе отидевме да живееме на планина, е до толку го претераа пациентите.
Значи вака.
Поднесена е тужба каде што се објаснува дека компанија за „вагинален детокс“ лажно се рекламира дека нивните производи не само што ќе ја исчистат вашата неизлечиво грозна вагина, туку ќе ја зголемат плодноста, а телото ќе ви го прочистат дури и од бившиот, меѓу другото.
Случајот е во Флорида и обвинението е кон Годес Дитокс и нивните вагинални суплементи што ги замајаваат жените дека не само што им се потребни од хигиенска гледна точка, туку прават секакви други волшебни ствари - на пример „го подобруваат крвотокот и енергијата во матката“, ја стегаат вагината, те чистат од бившиот, регулираат менструален циклус и го зголемуваат либидото.
Како едни бисерчиња што треба да ги внесеш во себе го можат тоа?
Не го можат.
По стотти пат во светот, а и овде, гинеколозите ве молат: доста пикате ствари кај што не им е место. Вагината се чисти сама и хербални топчиња повеќе ќе наштетат отколку што ќе помогнат. А да, и не се одобрени од Асоцијацијата за храна и лекови, замислете. И забранети се во Канада, кој знае зашто.
„Ознаките на производот, маркетингот и рекламата на пакувањето и на сајтот на производителот се лажни и погрешни, затоа што производот не е безбеден и затоа што не може да ги обезбеди ветените придобивки.“
Не мораме да дознаваме кој ќе победи во спорот, ама заклучокот останува -
Немојте:
А тоа што ќе пробаат да ви го протнат како препарат, барем проверете го. Ако не ви се проверува затоа што „најверојатно ќе ви кажат дека не смее“, тогаш, стварно, најверојатно - не смее.