По писти се прикажуваат камени кругови и мистериозни текстови на пештери, рунски писма, галски фестивали - индустријата ги прифаќа традициите на претците, славите и верувањата, но се појавува прашањето: Дали на модата ѝ е фрлена нео-паганска магија?
Прво, зборот „паган“ е скован од христијаните во 4 век и бил наменет за сите што не ги следеле Аврамските религии. До 20 век беше погрден израз, додека новите пагани (или нео-паганите) не си го вратија како чадор за неколку нивни практики, традиции и патеки. Денес само во Англија и Велс има 74.000 луѓе што се идентификуваат како нео-пагани, а по свет, ако отворите ТикТок и ги впишете релевантните хаштагови - нема да дигнете глава од магии за убаво, тарот карти за подобро разбирање себеси и теглички за просперитет полни мирисливи зачини и хималајска сол.
Во времиња обележани од еко-анксиозност, регресија кај женските права и обид да се живее во криза на скапотија, правилата на нео-паганизмот - славење на природата, испитување на родовите улоги и општо чувство на ескапизам - едноставно се вклопија.
И модата не е исклучок.