Историја на „столчето за разговор“

Имало многу имиња и форми низ вековите - столче за разговор, клупа за додворување, тет а тет, виз а ви, стол за озборување или индискрет. Се сметало за врв на софистицираност во Викторијанската ера ако забавуваш модерна елита, и не смеело да се дозволи да имаш фин, богат дом, без такво во салон.

Смислено е во 19 век, во Франција - две седишта споени во „S“, што овозможуваат тие што седат дискретно да разговараат. Без маса што би создавала дистанца меѓу нив, можеле да зборуваат поинтимно и потивко, во исто време без да можат да остварат физички контакт.

Ова на викторијанците им одговарало. Додворувањата од таа ера се случувале под надзор на родители или пазачи, па ова парче мебел многу брзо станало популарен детаљ од еден дом, за потенцијален зет/снаа да се турне во вистинска насока, а сепак сѐ да се одвива „пристојно“.

Додавањето на трето седиште било можност да се вклучи некаква гувернанта на пример, за да се осигура дека ништо безобразно не се кажува. Но, вистинската приказна зад сето ова не е баш најромантична.

Пред сѐ, столот се вика le confidant, што кажува дека намерата била доверливи разговори - меѓу политичари, на пример. Тоа со три седишта се вика уште и indiscret, во чест на третата личност што ќе го пика носот во приватниот разговор. Наполеон ги ставал кај сите министри во Лувр, како да сакал да ги охрабри своите советници да се прислушуваат меѓу себе.

Со тек на време се појавуваат необични и уште поеволуирани примери на столчето за разговор, каде што се гледа дека дизајнерите се обидувале да спојат стандардно парче мебел за седење со индискрет - замислете ги тие придружнички и слугинки на девојката за мажење седнати на една, а советниците на дечкото - на друга страна.

Постои и нешто што се вика borne settee, кружна софа, користена во големи, украсени салони или хотелско лоби. Ниедна голема куќа не била комплетна без нив - биле исполнети со кич и уметности, па логично било да се има кружно седиште за да можеш да се воодушевуваш на тоа што те опкружува.

И Салвадор Дали има дизајнирано тет а тет софа во ’30-те, кога соработувал со дизајнерот на ентериер и мебел, Жан Мишел Франк.

Да си најдеме:

извор

13 јули 2021 - 12:04