Имаме нов тренд во пластичната хирургија

Родово-неутрални и андрогини процедури.

Новиот тренд е сè пораширен, според д-р Александар Ривкин, популарен хирург од Лос Анџелес, (прв со нехируршката корекција на нос) кој од неодамна забележува дека се појавуваат сè повеќе барања за остри агли и прави вилици и носеви, додека мажите бараат истакнување на јаболчници и усни. Со комбинација на ботокс и прецизно наместен филер, д-р Ривкин на пациентите им дава, како што бараат - помодерен, скроен изглед што изгледа родово-флуиден.

„Не е дека луѓето ми доаѓаат во канцеларија и ми велат ‘сакам да изгледам повеќе родово-неутрален,’” вели д-р Ривкин. „Го гледам како постепена промена во однос на тоа што жените и мажите бараат.” За разлика од недамнешните трендови каде што се барале женски црти, „Луѓето сакаат да ги зголемуваат усните, но и да бидат конзервативни по тоа прашање. Сега се поприродни, не се веќе огромните усни на кои се навикнавме.”

Вели и дека трендот може да се должи на жени како Зендаја, која има остра, дефинирана брада и мажи како Ансел Елгорт, со полни усни, но сепак сметани за секс-симболи.

Културолошки гледано, промената може да го рефлектира сè поголемото прифаќање на родово-флуидните лица, плус, во подем е почувствителната машкост, наспроти застарените и конзервативни погледи кои бараа токсична машкост.

Пошироко гледано, промената може и да се должи на флуидниот пристап кон полот, како и нормализацијата на филер-културата и фактот што сè повеќе луѓе можат да си дозволат „средување”, како ботокс и филери.

Клер Варга, одговорна за убавина во една компанија што предвидува трендови вели,

„Во минатото, убавината ни ја продаваа како начин да се привлече партнер или да се вклопиш. Сега фокусот е на предизвикување на нормите за убавина и да се биде среќен во сопствената кожа.”

Ривкин верува дека ова движење сè повеќе ќе се шири, особено со оглед на фактот што пластичните операции се сега помалку табу. Според тоа, во иднината луѓето ќе продолжат да бараат операции што ќе им овозможат физичкиот изглед да им одговара на идентитетот.

4 декември 2019 - 14:22