Се работи за три од 14 поранешни колонии и од старт беше незгодно - ги пресретнаа демонстранти кои се бунеа за страдањето на претците, за ропството и колонијализмот. Ги критикуваа и за непријатните фотографии, поточно кога Кејт ги допираше прстите на Јамајканчињата кои подаваа раце преку метални огради.
И немаше само лош медиумски пренос - за време на една јавна средба, јамајканскиот премиер Ендру Холнес објави дека земјата е спремна да го напушти кралството и да стане „независна, сосема развиена и просперитетна нација“. Лани, Барбадос официјално ја напушти монархијата и со тоа стана прва карипска нација што ја смени кралицата како владетел после повеќе од четири децении.
Дебатата почнува од тоа дали кралското семејство може да си најде место во свет што станува сè понегативен на тема минатото на монархијата, а сè поскептичен за нејзината иднина. Некои експерти велат дека има многу причини да се сомневаме дека пристапот ќе им се смени, но тие што го бранат семејството велат дека и покрај погрешните чекори, британскиот народ сè уште во голема мера ги гледа како придобивка за нивната земја.
Нејасно е дали Јамајка, без разлика на коментарите на премиерот ќе ја изведе својата независност - прво би требало да има гласање. Но, ако кралското семејство не научи да слуша, монархијата може и да не преживее.
Во современиот свет нема место за институција основана на расизам и експлоатација
„Можеби е добро светот да ја гледа британската монархија како симболичен хаос, како застарена реликвија на империјализмот. И тоа ни овозможува да сведочиме на црните и домородните бунтови против овој спектакл,“ вели Карен Атија од Вашингтон Пост.
Според други, современите членови на кралското семејство треба „опасно да се покајат за минатите гревови на монархијата“, но сепак, после подлабоко навлегување во проблемот, излегува дека „падот на кралското семејство“ е малку „гладна кокошка просо сонила“, затоа што нивната адаптибиллност на промени е наследна особина.
Монархиите во Шведска, Норвешка, Белгија и Холандија се повлекуваат во делумна тајност, но британците станаа семејна фирма пред очите на телевизиската јавност. И според некои, најпаметно нешто што би можел да направи Чарлс откако ќе дојде на тронот е да го поништи семејството - монарсите не умираат млади и на монархијата ѝ треба само наследник и еден резерва. Останатите би требало да почнат да живеат обични животи.
„Идејата на модернизирано кралско семејство е контрадикторна. Кралството е мистична и стара работа: ако не е величествено, тогаш за што служи?“ вели Алекс фон Тунзелман за Проспект.