- Во јуни ќе се слави петгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор. Во 2018 година македонското Министерство за надворешни работи објави упатство со кое новинарите и меѓународните институции беа љубезно замолени да употребуваат Македонци, а не северномакедонци, да употребуваат владата на Северна Македонија, а не северномакедонската влада.
- На нашите пријатели, како НАТО, САД, Франција, Бехтел... тоа тешко им оди.
- Во извештај на британски специјализиран сервис за инфромации обезбеден од „Бехтел“, за потпишувањето на договорот на македонската влада со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатишта во Македонија, пишува дека компанијата ќе ангажира „северномакедонци“ како кооперанти за време на изградбата.
- Пабло Ескобар оцени дека Македонија е пример за соживот меѓу Албанците и православците.
- За првпат после јули, цената на нафтата отиде преку психолошката граница од 100 долари за барел.
- Цената ја следеше ескалацијата на односите меѓу САД и Иран. Американците се пофалија дека уништиле пет ирански танкери за нафта, овие возвратија со напади врз американскиот сојузник Јордан и советуваа танкерите во Кувајт и Бахреин да се евакуираат.
- Европскиот STOXX 600 падна околу 0,7%, а во минус беа и германскиот, францускиот и британскиот индекс. Но, најголема опасност е инфлацијата.
- Пред војната, нафтата беше околу 70 долари за барел.
- „Имам лоша вест за сите оние кои шпекулираа, негодуваа, клеветеа, пласираа лажни информации, а молчев. Не сакав да зборувам затоа што оставав сето тоа што претставуваше навистина посебен момент за градовите низ земјава да биде посебен момент и за граѓаните во тие градови. Имаше таков настан и тука, во Штип. Лошата вест е дека буџетот сите овие настани го чинат нула денари. И граѓаните и буџетот сите овие настани ги чинат нула денари“, рекол премиерот во Штип.
- Нагласил дека сето ова што го говори може слободно да се провери на „Отворени финансии“ и нагласи дека сè било организирано од општествено одговорни компании.
- „Жалам што кај поединци работи Фројд, што мислат како тие би правеле, па мислат дека и некој друг така прави. Но, ова е домаќинска Влада. Ова е Влада промакедонска, која се грижи за граѓаните, пронародна, и секој денар, секој денар буџетски средства се троши на транспарентен начин“, пренесува Фокус.