Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Ванковска: Збогување со Марјановиќ, нашата ѕвезда во мракот

4 април 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Како да им го опишам на помладите ликот на тој необичен и редок професор, онака како што јас го видов во далечната 1980 година? Беше редок тогаш, а денес такви ликови речиси и да нема.
  • Сонуваше за Македонија како пристојно место за живеење, затоа што и самиот беше оличение на пристојност, сестрана образованост, разум и култура. Во колумните не штедеше никого, ниту еден авторитет, вклучувајќи ги и „вавилонската блудница“, Европа, и Атињаните. Пишуваше на јазик разбирлив за сите, со духовитост и жар.
  • Почивајте во мир, сакан професоре! Имавте живот што вредеше да се живее. Заминувате во време кога над светот се надвиснуваат темни облаци на цензура, а во Македонија се повампирува вербалниот деликт во вид на „забрана на негативно мислење“ против моќните или наводен говор на омраза. А професори или аминуваат или молчат затоа што зборувањето е потенцијален деликт.
извор

Бугарија: Јотова и Ѓуров во вториот круг, рекордно ниска излезност

26 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Актуелната претседателка Илијана Јотова и поранешниот премиер Андреј Ѓуров освоија најмногу гласови во првиот круг од изборите во Бугарија и ќе се соочат во вториот круг по една недела.
  • Излезноста на гласачите во првиот круг била едвај над 22%, најниска од кои било избори по соборувањето на комунистичкиот режим. Досега во ниту еден прв круг не паднала под 40%.
  • Јотова добила 34,7% од гласовите, а Ѓуров 32%. За победа во првиот круг им беа потребни 50% од гласовите, при одѕив од 50%. Во вториот круг нема праг за излезност, а победник е тој што ќе освои повеќе гласови.
  • Јотова стана претседателка во јануари откако Румен Радев поднесе оставка за да настапи на парламентарните избори.
  • Функцијата претседател е главно церемонијална, но вклучува овластувања за командување со вооружените сили, ставање вето на закони и именување преодни влади за време на политички кризи.
извор

Лула со пресврт до четврти претседателски мандат во Бразил

26 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Луиз Инасио Лула да Силва го освои и четвртиот претседателски мандат во Бразил по драматичен пресврт помеѓу двата круга од изборите. Со тесна разлика од 51,7% наспроти 48,2% од гласовите го победи Флавио Болсонаро – синот на затворениот поранешен претседател Жаир Болсонаро.
  • Во првиот круг Флавио Болсонаро победи со разлика од 2% и предизборните анкети укажуваа дека ќе ја задржи предноста. Откако Бразил ја отфрли диктатурата, ниту еден кандидат кој губел во првиот изборен круг не станал претседател.
  • Болсонаро не го призна поразот поради одлуката на Врховниот суд на денот на изборите да го продолжи гласањето за два часа, наводно поради проблеми со јавниот превоз во неколку сојузни држави. Одлуката ја донел судија во Врховниот суд кој порано му бил личен адвокат на Лула.
  • Левичарот Лула во кампањата ветуваше отпишување долгови, бесплатен јавен превоз за време на викендите и финансиска помош за студенти од сиромашни семејства. Противниците го обвинија дека купува гласови, бидејќи ветените мерки финансиски ќе го осакатат Бразил.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Ана Брнабиќ, машки

Балканштина
2

Доби црвен и се врати од тунелот за да го патосира Чурлинов

Фудбал
3

Волкановски ја одбрани светската титула па во рингот се завеаа австралиско и македонско знаме

Разно
4

Кога си гладен не си свој

Балканштина
5

Србија: Кој ќе биде намагарчен?

Мешано
6

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Балканштина
7

Така испаѓа

Балканштина
8

Бушавата азбука на Зоран Заев

Македонски рулет
1

Зеленски во 2023 одбил мировен план поволен за Украина

Свет
2

Галантните кираџии на Велика Британија

Свет
3

Нетфликс се изгуби во сопственото сценарио

Занимливости
4

Европа вложи сè во коли на струја - и загуби

Бизнис
5

Србија реши дека му е доста на Вучиќ

6

Студентите 140 пратеници, Вучиќ 103

7

Трамп го мести Орбан за генсек на ОН

Свет
8

Лула со пресврт до четврти претседателски мандат во Бразил

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Балканштина

Така испаѓа

Балканштина

Ана Брнабиќ, машки

Балканштина

Кога си гладен не си свој

Балканштина

Додека ловот не нè раздели

Балканштина

Јако мување

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Прости унца по унца, и Бугаринот почна да бунца

Куче за слепи

Екстерно за професори

Да се има дете, или не?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy