- Македонија е алфа и омега за решавање на секој актуелен и суштествен проблем: без тој наш контекст, ќе бидеме на ветрометина, колонија без свест за себе и своите интереси.
- Мојата надеж е дека овие зборови некако ќе преживеат, ќе допрат до некои љубопитни млади луѓе што ќе сакаат да знаат што се случило со нашата Атлантида, зошто потонала, со што била богата и како била лишена од вербата во себе и во својот културен и друг потенцијал.
- А вие што доаѓате размислете, просудете, бидете милосливи кон некои од нашите лутања. Но не простувајте им на лицемерите, на фаустите, на кафените сахиби-поданици, на јудите што нѐ продадоа за три гроша. Научете ја историската лекција за нашиот пораз за да не го повторите.
- Лидерот на австриската десничарска опозиција ги повика ЕУ и Австрија да ги депортираат сите нелегални мигранти во Украина кога ќе заврши војната со Русија.
- Би ги испратиле и Сиријците и Авганистанците, не само украинските бегалци кои беа згрижени низ Европа.
- Херберт Кикл истакнува дека на овој начин Киев би им се оддолжил на европските земји за обемната финансиска поддршка што ја добиваа од нив.
- „ЕУ и Австрија вложија стотици милијарди во Украина. Ако оружјето таму стивне, крајно време е да се бара нешто за возврат“, изјави лидерот на Партијата на слободата.
- Тој тврди дека Киев би имал полза од оваа шема, бидејќи Украина е соочена со демографска криза, а мигрантите би можеле да помогнат во повоената обнова на земјата.
- Непознати хакери ја пробиле главната платформа Cloud One на американските Воздухопловни сили и загрозиле огромен број чувствителни тактички, логистички и персонални податоци.
- Нападот откриен во октомври при надградба на системот. Не е познато дали се украдени податоци.
- Инсталиран во 2017 година, Cloud One служи како едношалтерски центар за ИТ потребите на воздухопловните сили. Во него се комбинирани ресурси на четири оператори - Microsoft, Amazon, Oracle и Alphabet - за поддршка на апликации што управуваат со податоци за персоналот, логистиката и одржувањето.
- Меѓу нив се и системот што прима податоци од радари за противвоздушна одбрана на територијата на цела Северна Америка и системот кој ја следи состојбата на муницијата низ повеќе од 200 локации на воздухопловните сили на САД низ целиот свет.
- Во изминатиот месец беа откриени најмалку шест кибернетски напади и хакерски упади во ФБИ, Пентагон, НСА и министерствата за внатрешна безбедност и за финансии.