- Кадарот буквално изумира (во најдобар случај, се пензионира), а нови вработувања и подмладок нема; средствата за работа се во распад; библиотечните издатоци се пониски од оние за репрезентација; наместо научен кадар ангажираме „стручњаци од пракса“ или делиме „насловни звања“, учество на меѓународен собир е невозможна мисија со обезбедени средства само за до Ниш, Тирана или Благоевград. Не можеме ни архивар и службеник да задржиме, а не пак ИТ-инженер.
- Им ветил Џафери во име на основачот на УКИМ, Собранието. А тој таква моќ, се разбира, нема. Ставките за образование и наука во државниот буџет се на историско дно, а клучот од сефот го има Владата.
- И, фала за прашање, воениот буџет е добро, расте до небо и ниту еден научен работник не се побуни против тоа. Такво е времето, треба Украина да се одбрани.
- За првпат после јули, цената на нафтата отиде преку психолошката граница од 100 долари за барел.
- Цената ја следеше ескалацијата на односите меѓу САД и Иран. Американците се пофалија дека уништиле пет ирански танкери за нафта, овие возвратија со напади врз американскиот сојузник Јордан и советуваа танкерите во Кувајт и Бахреин да се евакуираат.
- Европскиот STOXX 600 падна околу 0,7%, а во минус беа и германскиот, францускиот и британскиот индекс. Но, најголема опасност е инфлацијата.
- Пред војната, нафтата беше околу 70 долари за барел.
- „Имам лоша вест за сите оние кои шпекулираа, негодуваа, клеветеа, пласираа лажни информации, а молчев. Не сакав да зборувам затоа што оставав сето тоа што претставуваше навистина посебен момент за градовите низ земјава да биде посебен момент и за граѓаните во тие градови. Имаше таков настан и тука, во Штип. Лошата вест е дека буџетот сите овие настани го чинат нула денари. И граѓаните и буџетот сите овие настани ги чинат нула денари“, рекол премиерот во Штип.
- Нагласил дека сето ова што го говори може слободно да се провери на „Отворени финансии“ и нагласи дека сè било организирано од општествено одговорни компании.
- „Жалам што кај поединци работи Фројд, што мислат како тие би правеле, па мислат дека и некој друг така прави. Но, ова е домаќинска Влада. Ова е Влада промакедонска, која се грижи за граѓаните, пронародна, и секој денар, секој денар буџетски средства се троши на транспарентен начин“, пренесува Фокус.