- Да, ние сме „суверени“, но само на хартија. Во пракса, Македонија и понатаму се третира — како и кон крајот на 19 век — како пион на шаховската табла на големите сили. Нашето сонце официјално изгрева на Запад, а политичката елита со задоволство жртвуваше јазик, историја, дури и името на државата, за да влезе во клубот на НАТО.
- Денешниот империјализам често не доаѓа со чизми и бајонети. Тој доаѓа со конференции, партнерства и „техничка помош“. Тоа е неоколонијализам во кроена облека — а нашите елити, од политичари до академици, служат како негови локални преведувачи.
- На Украина ѝ беше кажано: спротивставете се по секоја цена — затоа што правдата е на ваша страна. На Македонија ѝ беше кажано: откажете се од името и од минатото — и ќе бидете наградени. Но совеста боли исто.
- Премиерот Кир Стармер најави забрана за пристап до социјални медиуми во Британија за лица помлади од 16 години. Мерката треба да биде усвоена до крајот на оваа година и да почне да се спроведува од почетокот на 2027 година.
- Забраната ќе ги опфати платформите како Snapchat, TikTok, Instagram, Facebook и X. Ќе бидат изземени моделите специјализирани за образование или со содржини за деца.
- Roblox, најголемата платформа за игри во Британија нема да биде забранета за деца од 8 до 12 години, но ќе бидат ограничени функции за разговор.
- Владата, исто така, разгледува воведување „ноќен полициски час“ против бесконечно скролување на онлајн содржини за лица под 18 години. Повеќе детали за ова ќе бидат објавени во јули.
- Четботовите со ВИ дизајнирани да симулираат сексуални врски или улоги ќе мора да наметнат забрана за пристап на малолетни лица. Голем број платформи, вклучувајќи порнографски страници, веќе се обврзани да ги спроведуваат овие проверки.
- Претставници на Јутјуб, Снепчет, Фејсбук и Инстаграм оценија дека забраната нема да ја постигне целта за безбедност на тинејџерите на интернет, туку може да ги насочи кон „помалку безбедни“ платформи.
- Земјоделците и жителите во долината на Рио Гранде во Тексас се интензивно изложени на хербицидот паракват, кој е забранет во 74 земји поради ризик за здравјето на луѓето. Употребата на паракватот во САД е зголемена затоа што многу плевели се отпорни на другите хербициди.
- Беате Риц, епидемиолог од UCLA, открила дека луѓето кои живееле или работеле подолг период во близина на места третирани со паракват имале околу 90% поголем ризик од Паркинсонова болест.
- Новите истражувања укажуваат дека честички од паракватот во небезбедни концентрации може да се прошират на површина од 50 квадратни километри.
- Американската агенција за заштита на животната средина објави дека нема доволно докази за поврзаност на пациенти од Паркинсонова болест со изложеност на хербициди, но најави тестирање на состојбата во реални услови – процес што може да трае до две години.
- За Паркинсоновата болест нема лек и тешка е за дијагностицирање. Ги нарушува движењето, рамнотежата, говорот, расположението и способноста на болното лице да живее самостојно.