- Профилите на Трамп беа блокирани на 7 јануари 2021 еден ден по упадот на симпатизери на Трамп во Капитол хил.
- Фејсбук профилот е вратен во состојбата на која бил на 7 јануари, со последен пост од претходниот ден во кој ги повикува демонстрантите пред Капитол хил да останат смирени и 34 милиони следбеници.
- Трамп нема напишано ништо на Фејсбук, а ни на Твитер сметката која му беше вратена пред некое време и за сега останува активен само на неговата социјална мрежа Трут сошал.
- Во јануари Мета најави дека планира да го врати Трамп со напомена дека ако ги прекрши правилата за користење на Фејсбук и Инстаграм тој пак ќе биде суспендиран меѓу неколку месеци и две години.
- Од сезоната 2027/2028 па натаму, Шведска ќе користи само вакцина против коронавирус базирана на протеини во своите национални кампањи за вакцинација. Таа е првата земја во светот што се збогува со проблематичните мРНК вакцини на Фајзер и Модерна.
- Нуваксовид е класична протеинска вакцина. Содржи готово парче од вирусот чиј протеин му се презентира на телото директно за да изгради имунолошки одговор. Се разликува од мРНК вакцините каде што клетките на телото мора сами да го произведат шилестиот протеин по добивањето на мРНК инструкцијата. А тоа се покажа како процес кој носи ризик од автоимуни реакции.
- Шведска избра свој за време на пандемијата, не спроведувајќи карантини и затворања на училиштата. Нивниот пристап наидуваше на жестоки критики од ортодоксните блокадери ширум светот но сумарните резултати подоцна покажаа дека не биле глупи.