- Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека за 30% до 80% ќе ја намали цената на лековите што се издаваат на рецепт. Наредбата за политиката „Најомилена нација“ подразбира изедначување на цената на лековите со најниската по која може да се најдат во било која од другите развиени земји.
- „Нашата земја конечно ќе биде третирана праведно, а трошоците за здравствена заштита на нашите граѓани ќе се намалат со бројки за кои не ни помислувавме досега. Згора на сè, САД ќе заштедат билиони долари“, објави Трамп на својата социјална мрежа.
- Има голема разлика во цените на лекови помеѓу САД и другите земји. Цената лековите за дијабетес Jardiance, на пример, лани била 611 долари за 30-дневно снабдување во САД, во споредба со 70 долари во Швајцарија или 35 долари во Јапонија.
- Трамп не прецизираше дали наредбата ќе се однесува на Медикер, Медикејд или на други владини програми за здравствена заштита.
- И првата администрација на Трамп се обиде да ја воведе оваа регулатива кон крајот на 2020 година, но беше блокирана од федералните судови, а Џо Бајден ја напушти иницијативата. Овој план се однесуваше на лековите што пациентите ги добиваат во лекарските ординации, како дел од програмата Медикер.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.