Теориите на заговор се трансформираат во религија
19 мај 2020
Лојалниот партнер на СДСМ, генералот Николовски, на изборите ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ.
„Каде што е власта таму треба да бидеме и ние“.
„Ние како Партија на пензионери досега бевме дел од коалицијата со СДСМ. Водевме дискусија во извршниот и централниот одбор. Од 100 присутни членови, само неколкумина предложија да настапиме самостојно, ниту еден не беше за останување со СДСМ, а дури 90% се изјаснија за коалиција со актуелната власт. Желбата на членството е јасна, да одиме со власта“, изјави Николовски.
Немале да бараат само повеќе советнички места, туку и министерски и директорски позиции.
Николовски беше еден од оние кои гласаа да си го смениме името.