- Собранието на Бугарија формираше посебна комисија за истрага на активностите на американскиот милијардер Џорџ Сорос, на неговиот син и на сите нивни фондации во земјата.
- Комисијата ќе собира и анализира документи, ќе испитува бугарски служби, институции и лица. Нејзината задача ќе биде да ги утврди тековите на финансирањата и евентуалните врски со политичките партии, судиите, училиштата, медиумите, стопанските кругови и јавните институции.
- Иницијативата е покрената од поранешниот медиумски тајкун Делјан Пеевски, кој тврди дека инсталациите на Сорос се вклучени во „замена на традиционалните вредности со родова идеологија“ и дека има „моќни структури за лобирање“. Во Собранието иницијативата доби поддршка од сите партии од владејачката коалиција, додека ГЕРБ и проевропската алијанса беа против.
- Фондацијата Отворено општество на Сорос е основана во Софија во 1990 година, веднаш по падот на комунизмот. Финансира проекти во образованието, правосудството и борбата против дискриминација.