Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Шутаров: Je Suis коприва!

26 февруари 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • И денес ми одѕвонуваат, дури го пишувам ова, зборовите на незнајниот Македонец што тој јулски ден во 2017 година, ми ги кажа тивко, како за себе: „Се плашам не за мене, но за нас Македонците се плашам, да не станеме како копривите! Секој од нас арно да види, а ние од никој арно да не видиме! Секаде да нè има, а ние свој дом да немаме! И на крајот од животов, сон не ме фаќа од тој страв!“.
  • Во мојот крај, но и низ плодните земјоделски површини ширум Европа, кога земјоделците сакаат да произведат плодови за себе и за своите најблиски, чисти од разни пестициди и хемикалии, почвата ја ѓубрат со ферментирана вода од коприва, а лисната маса и плодовите ги заштитуваат со прскање со истата течност!

  • И тука веќе, имаме сериозен проблеми точка од која се одвојуваат сите знаења и мудрости на старите цивилизации и култури (за кои копривата беше кралица на здравјето) – од законите на модерната цивилизација (читај моќната фармаколошка и хемиска индустрија), за кои лековитите и заштитни својства на копривата треба да бидат заборавени, а копривата – забранета?!

  • Звучи надреално? Звучи малку одлепено и ненормално? Звучи, исто онака како што нам ни прозвучи „францускиот предлог“ за наше евроинтегрирање, надреално и налудничаво, но, за жал, вистинито.

извор

ЏД Венс: Ни Русија ни Украина не можат да напредуваат на фронтот

6 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американскиот потпретседател ЏД Венс изјави дека Русите не можат да постигнат речиси ништо во офанзивните операции на фронтот, ниту пак Украинците можат со своја контраофанзива да ги ослободат окупираните територии.
  • „Русите плаќаат висока цена за секој квадратен километар што го освојуваат. Сега се во ситуација каде што шансите да постигнат нешто преку продолжени офанзивни операции се занемарливи и се приближуваат кон нула. Ова би можело да го создаде просторот што ни е потребен за да го донесеме ова прашање до крај“, изјави Венс во интервју за Сандеј тајмс.
  • Фронтот, според него, е замрзнат затоа што САД и НАТО ја охрабриле Украина да се фокусира повеќе на одбраната и на исцрпување на Русија отколку да почне скапи офанзиви за освојување на окупираните територии.
  • „Ако се сеќавате на летото 2023 година, главниот спор беше дали Украина треба да се обиде со голема контраофанзива. Речиси целиот западен свет, вклучувајќи го и претседателот Бајден, извршија притисок врз Украинците да почнат масовна контраофанзива, што подоцна се покажа како стратешка и тактичка катастрофа“, потсети Венс.
извор

Иран наполни танкери со нафта, нема кому да ја продаде

6 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Иран не може да најде доволно купувачи за својата сурова нафта пред да истече рокот за слободен извоз од 60 дена, согласно Меморандумот за разбирање со САД.
  • Техеран на 1 јули соопшти дека испорачал над 40 милиони барели сурова нафта откако САД ја укинаа поморската блокада. Но, повеќе од 20 милиони барели се во азиските води подолго од седум дена, што е зголемување од речиси 18% во однос на претходната недела.
  • Според извори на Блумберг, јасна дестинација немаат 90% од танкерите на кои се натоварени 58 милиони барели иранска нафта. Официјално се водат како „за нарачка“ или пловат кон Сингапур, со надеж дека ќе договорат извоз. 
  • Главна причина е намалената побарувачка на големиот азиски пазар, кој очекува испорака на нафта од другите земји од Персискиот Залив. Кина, најголемиот увозник на иранска нафта пред војната, го преполовила увозот на 654.000 барели. Само еден ирански танкер истоварил нафта во Кина во изминатата недела. Индија чека конечен договор и целосно укинување на санкциите за да прави долгорочни нарачки.
  • Ограничувањата на Европската Унија и Британија сè уште се на сила. „Купувачите остануваат претпазливи дека Вашингтон би можел повторно да воведе санкции ако преговорите пропаднат“, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Дискутабилни совети за бавча

Балканштина
2

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина
3

Вимблдонска утопија

Мешано
4

Лука, Един и Ивана

Фудбал
5

БЈР Матрикс

Разно
6

Питер Тил се мисли поголем милијардер од Папата

7

Музеј на современи вазали

Македонштина
8

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
1

Питер Тил се мисли поголем милијардер од Папата

2

Европа станува бастион на цензурата

Медиуми
3

Иран наполни танкери со нафта, нема кому да ја продаде

4

На Трамп не му се верува дека милиони Иранци плачат по ајатолахот

5

Горди се што се Американци, ама не се баш сигурни зошто

Разно
6

Трамп дели правда и на Светското првенство

7

Донаторите за салата на Трамп од 400 милиони долари, добиле бизниси од 50 милијарди

Разно
8

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Ќе нè научат ли странците да ја сакаме?

Балканштина

Дискутабилни совети за бавча

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Имам култура во мокраќата!

Го викале Љиљако

Американецот си легна на брашното

ОК, значи имам проблем со пиењето

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy