- Адријанос Големис, кој работеше како доктор за Европската вселенска агенција, ќе биде првиот Грк што ќе влезе во програмата за обука на астронаути на Агенцијата.
- Неговата обука за астронаути започнува во април со тримесечно запознавање со животот и истражувањата на Меѓународната вселенска станица. Потоа ќе започне интензивна програма долга една година по што ќе може да фаќа пат.
- Како доктор, има работено на проучување на влијанијата на долгите вселенски мисии врз организмот на астронаутите.
- Секоја година, околу 22.500 кандидати аплицираат за испитите на Европската вселенска агенција за да станат астронаути а секоја година само 25 се избираат за да продолжат во следната фаза.
- Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
- Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
- Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
- САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
- Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.