Клупата на Водно веќе не е тажна

Истиот читател кој ни го пријави проблемот со клупата на Водно (види: Најтажната скопска клупа со најубав поглед) ни пишува:

Трендо, моментално сум на Водно.

Клупата не е поправена, туку нова е ставена. Ептен ми е ќеиф.

Браво за Орце Ѓорѓиевски. Ми беше градоначалник во Кисела Вода и направи многу добри работи во пракса. Човекот е работник, нема збор. Така да ако сакаш можеш да направиш втор дел од постот за клупата, која повеќе не е тажна.
Ти благодарам уште еднаш за објавата. Завршивме работа.
Поздрав и убав ден.
Тони

А погледот е тој, истиот:

 

 

 

24 март 2026 - 11:43