- Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), од 11 април ќе започне со генерален штрајк во училиштата и градинките. Нема да се примаат деца во градинките, настава нема да се изведува.
- СОНК бараат усогласување на платите во образованието со минималната плата, која од овој месец се зголемува на 18.000 денари и во иднина минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работните места во образовниот сектор.
- Владата е за континуиран дијалог.
- Израелската армија потврди дека е автентична фотографијата што се шири на социјалните мрежи, на која се гледа како израелски војник со голем чекан ја удира главата на Исус на статуа што паднала по израелски напад врз христијанското село Дебл во јужен Либан.
- Северната команда објави дека се спроведува истрага за инцидентот, дека „ќе бидат преземени соодветни мерки против одговорните за инцидентот во командниот синџир“ и дека „се соработува со локалната заедница за да се врати статуата на своето место“.
- Пред да постигне договор за прекин на огнот во Либан, Израел протера близу 1 милиони Либанци од територијата јужно од реката Литани, уништи многу села и сè уште ја окупира територијата.
- „Господе, прости им, зашто не знаат што прават“.