- Два месеца по убедливиот пораз што го доживеа на локалните избори, довчерашниот скопски градоначалник Петре Шилегов ноќеска околу полноќ се пожали за загадениот воздух во главниот град.
- Шилегов го објави резултатот на една од мерните станици што покажуваше енормно зголемување на загадениот воздух во Скопје и напиша „Go green…“.
- Ако оџачарите со кои Шилегов ни го средуваше воздухот, во меѓувреме се киднапирани, нека трепнат.
- Швајцарците со убедливо мнозинство од 70% гласаа на референдум против построго толкување на политичката неутралност на нивната земја. Ова ѝ овозможува на владата да ги следи одлуките на ЕУ за санкции, како на пример против Русија.
- Швајцарија е неутрална од 1516 година и тоа го вгради во Уставот во 1848 година.
- Иницијативата „Зачувување на неутралноста“ бараше владата да не може да воведува економски санкции, освен оние одобрени од Советот за безбедност на ОН, ниту да соработува со НАТО или кој било воен сојуз, освен во случај на напад.
- Министерот за надворешни работи Ињацио Касис изјави дека неутралноста на Швајцарија отсекогаш била „флексибилна“ до одреден степен. „Неутралноста не треба да се поистоветува со рамнодушност. Швајцарија не смее да врти глава на страна кога се крши меѓународното право, дури и заради заштита на сопствените интереси или мирот“, изјави министерот.