- Првиот човек на Меѓународната агенција за атомска енергија го демантираше Израел и нивното алиби за напад на Иран, дека Техеран е блиску до развој на нуклеарно оружје.
- Рафаел Гроси, генерален директор на IAEA не верува дека Иран се обидува да развие нуклеарно оружје.
- „Дојдовме до заклучок дека не можеме да потврдиме постоење на систематски напори за развој на нуклеарно оружје.“
- Тој појасни дека во последниот извештај на Агенцијата кој деновиве масовно се цитира, тие изразиле загриженост што Иран збогатил ураниум до 60% но немаат наведено дека атомската бомба е на пат да стане реалност.
- Најголема опасност од иранскиот ураниум е ризикот од радијација ако нуклеарен објект биде погоден.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.