- Русија им ги претставила на САД своите барања за преговорите за крај на војната во Украина и за нормализирање на билатералните односи, тврдат извори на Ројтерс. Списокот не е целосно објавен, но изворите тврдат дека основа се барањата што Москва веќе им ги постави на Украина, на САД и на НАТО. Тие според украински извори опфаќаат:
- Запирање на западната воена поддршка за Украина - сите испораки на оружје, споделување на разузнавачки информации и обука на украинските сили.
- Меѓународно признавање на окупираните територии Крим, Луханск, Доњецк, Запорожје и Херсон за дел од Русија. Тие пред две и пол години веќе прогласија независност и Русија ги анектираше. Крим уште во 2014 година.
- Признавање на рускиот јазик, култура и црквата и нивно враќање во секојдневниот живот на Украина.
- Повторно отворање на преговори за нацрт-договорот на Истанбулскиот протокол од март 2022 година. Документот ги опфаќа неутралноста на Украина, безбедносните гаранции и ограничувањата за украинската војска, во замена за повлекување на руските трупи.
- Украина на преговорите со САД во Саудиска Арабија веќе се согласи на 30-дневен прекин на огнот, како прв чекор кон мировни преговори. „Топката е сега кај Русија“, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.
- Претставничкиот дом на Парагвај ја одби понудената оставка на претседателот Сантјаго Пења за да може да му го одземе имунитетот и да покрене импичмент во Сенатот, што најверојатно ќе заврши со обвинение и судски процес.
- Одземањето на имунитетот било акламативно, вклучувајќи ги и пратениците од неговата партија а на Пења му беше одреден куќен притвор.
- Незадоволни од тоа, демонстранти се собраа пред неговата резиденција, во еден моментиот ја пробија блокадата па Пења итно бил евакуиран во некоја воена база.
- Причина за скандалот е затворањето на најголемата дигитална банка, Уено, која беше ставена под управа на централната банка откако се утврди дека паднала под предвидениот минимум солвентност. Преку три милиони луѓе во Паргвај останаа без своите пари па дополнително ќе бидат обесштетувани.
- Долго откако беше избран на функцијата, претседателот Пења одржувал бизнис релации со сопственикот на банката, групацијата Веласкез.
- Уапсени се група директори во Уено а претстедателот на Централната банка, Карлос Каваљо поднесе оставка. Не е сигурно дека ќе помине само со тоа: поставен е таму пред три години од Пења откако беше прв човек на финансиската компанија која прерасна во Уено.
- Во српскиот дневен весник „Данас“ под псевдонимот „Пријател на студентите“ со месеци беа објавувани текстови со политички и правни совети до студентите блокадери (во периодот пред вонредните парламентарни избори), вклучувајќи предлози за стратегија, формирање експертска влада, отворање кон ЕУ и состав на Студентската листа.
- По изборите, авторот го обелодени својот идентитет: Александар Маршавелски, вонреден професор на Правниот факултет во Загреб но уште поважно, член на хрватскиот совет за граѓански надзор на безбедносно-разузнавачките служби на Хрватска.
- Маршавелски поднесе оставка на таа функција но обелоденуваето на неговиот идентитет ги подгреа сомневањата на довчерашните српски власти дека рушењето на Вучиќ било инструирано од странски центри.