- Москва, Будимпешта и Братислава го обвинуваат Киев дека намерно не го поправа оштетениот нафтоводот „Дружба“ за да ги остави Унгарија и Словачка без руска нафта и да ги уценува.
- Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха тврди дека нафтоводот, кој поминува преку Украина, бил оштетен при руски напад при крајот на јануари. Тој ја повика Унгарија да протестира до Москва, а не до Киев.
- Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија е во контакт со клиентите од Унгарија, но ситуацијата е комплицирана поради одлуките на Киев. „Украина врши енергетска уцена против Унгарија, која е членка на ЕУ“, изјави Песков.
- И словачкиот премиер Роберт Фицо го обвини Киев дека ја одложува поправката за да ја уценува Унгарија, која се спротивставува на пристапувањето на Украина во ЕУ. Тој го оспори и тврдењето дека „Дружба“ бил оштетен од руски напад. „Слушнавме толку многу лаги од двете страни што не можам со сигурност да кажам кој бомбардирал или уништил дел од нафтената инфраструктура.“
- Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто побара од Хрватска да овозможи алтернативно доставување со руска нафта преку Јадранскиот цевковод до неговата земја и до Словачка. Европската комисија објави дека е спремна да организира разговори и додаде дека Унгарија и Словачка имаат залихи за 90 дена.
- Милионите документи од огромното досие за Џефри Епстин содржат докази за дела што претставуваат злосторства против човештвото, оценија експерти ангажирани од Советот за човекови права на ОН.
- „Документи сведочат за тргување и дехуманизација на жени и девојчиња. Размерите, природата, систематскиот карактер и транснационалниот дострел на овие злосторства се толку големи, што голем број од нив го преминуваат прагот да бидат сметани за злосторства против човештвото“, соопшти панелот од независни експерти.
- Експертите рекоа дека злосторствата наведени во документите објавени од Министерството за правда на САД се извршени „во услови на супремацистички верувања, расизам, корупција и екстремна мизогинија“.
- Панелот на ОН повика на независна, темелна и непристрасна истрага не само за сомневањата што произлегуваат од документите, туку и за тоа како било можно вакви злосторства да се извршуваат толку долго.
- Во повеќе од 3 милиони документи од досието Епстин што досега се објавени, идентификувани се над 1.200 жртви на неговата мрежа за елитна проституција, вклучувајќи и малолетнички.