- Американската морнарица од денеска ќе им помага на бродовите од неутрални странски земји да преминат низ Ормускиот теснец, но нема да ги придружува, објави претседателот Доналд Трамп.
- „Проектот Слобода“, најавен како „хуманитарен“, опфаќа само навигациско водење на бродовите, а не и воена придружба или расчистување на мини во теснецот.
- Американските сили ќе им обезбедат на комерцијалните бродови од трети земји „информации за најдобрите поморски линии“ и ќе бидат „во близина“ во случај ако треба да спречат ирански напад.
- „На многу од овие бродови снемува храна и залихи за екипажите, кои страдаат од здравствени и санитарни проблеми... Движењето на бродовите има за цел само да ослободи луѓе, компании и земји кои не направиле апсолутно ништо лошо - тие се жртви на околностите. Ова е хуманитарен гест во име на САД, земјите од Блискиот Исток, но особено на Иран“, порача Трамп.
- За да ја заштити (неспособноста на) својата економија и трговија од конкуренцијата од исток, ЕУ воведува царински давачки од три евра за секој артикл во пакет од странство вреден помалку од 150 евра.
- Пакетите под 150 евра сочинуваат 93 проценти од онлајн трговијата во Европската Унија. Околу 200 такви пакети стигнуваат во ЕУ секоја секунда.
- „Таксата не се плаќа по пакет, туку по секоја ставка во пакетот“, објаснува Андреа Човиќ Видовиќ од медиумскиот тим на Европската комисија во Хрватска за царината која ќе стапи на сила од први јули.
- „Верувам дека дел од потрошувачите ќе продолжат да купуваат, но дека ќе ги променат своите потрошувачки навики во сегментот на импулсивното купување. Имено, тоа се производи кои се многу евтини и сите тие платформи нè тераа да купуваме што е можно повеќе производи по пакет“, вели експертот за малопродажба Ана Брајковиќ.