Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Овие да ти знаеле да бранат идентитет

24 октомври 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • ЛДП иницира употреба на украинските топоними. Наместо Киев да се употребува Киив, наместо Запорожје да се употребува Запорижија, наместо Луганск - Луханск, наместо Мариупол да се употребува Мариупиљ, наместо Дњепар да се употреби Днипро....

  • „Воедно, предлагаме Владата да донесе одлука конечно да престане да се употребува неприфатливото именување на Република Беларус на македонски јазик како „Република Белорусија"  а препорачуваме, во македонскиот јазик исто така да се употребува и уставното име Република Латвија наместо досегашното име преземено од руското наименување Република Летонија", се вели во соопштението на партијата.

  • „Ова се истите ликови што не смеат "Македонија" и "македонски" да кажат без стопати да повторат "северна". Арам.“, коментираат нормални луѓе на Фејсбук.

  • Порака од читател (Мирко):

    „Сакам да ти укажам дека оние двајцата се неписмени. На едно место викаат „препорачуваме, во македонскиот јазик исто така да се употребува и уставното име Република Латвија наместо досегашното име преземено од руското наименување Република Летонија“.

    Само за информација, Летонија на руски се вика Латвия (Латвија), а на француски се вика Lettonie. Па сега ти види од кого сме го преземале името“.

извор

Маѓар бара оставка од претседателот и замолкнување на државната телевизија

15 април 2026
  • Share
  • Post
  • Уште пред да го добие мандатот за формирање влада, Петер Маѓар го повика унгарскиот претседател Тамаш Шуљок да поднесе оставка. На церемонијалното добивање на мандатот му се закани со притисок од Парламентот ако одбива самиот да замине.
  • „Тамаш Шуљок е неспособен да го отелотвори единството на унгарската нација. Не е способен да биде чувар на владеењето на правото во Унгарија. Не е способен да биде морален стандард и пример за унгарскиот народ“, изјави Маѓар на прагот на претседателската палата.
  • Лидерот на партијата Тиса оцени дека Унгарците на парламентарните избори во неделата не гласале за нов состав на Парламентот и за промена на владата, туку за „промена на режимот“.
  • Маѓар се закани дека една од првите одлуки на неговата влада ќе биде привремено прекинување на вестите на државните радио и телевизиски станици.
  • На забелешката дека замолкнувањето на државната телевизија е спротовно на законот, тој одговори: „Не ги исполнивте обврските од законот за медиуми... Кога ме обвинувате дека го кршам законот, тоа е како крадец во продавница да повикува полиција“.
извор

Конгресмени покренаа иницијатива за отстранување на Трамп

15 април 2026
  • Share
  • Post
  • Група од 85 демократски конгресмени и сенатори предложија закон што ќе овозможи отстранување на Доналд Трамп по медицинска и политичка проценка дека тој е неспособен да ја извршува претседателската функција.
  • Како повод за иницијативата е наведена заканата од Трамп за Иран: „Цела цивилизација ќе умре вечерва!“ и неговото објавување на монтажата на која е прикажан како Исус.
  • Иницијативата сигурно нема да успее, бидејќи републиканците имаат мнозинство во Конгресот, а и Трамп може да ја блокира со вето. Но, може да послужи како пример ако на изборите во ноември драстично се промени распоредот во Претставничкиот дом и во Сенатот.
  • Законот предвидува формирање 17-члена комисија, која ќе побара медицински преглед на претседателот за да утврди дали е ментално или физички неспособен да ги извршува овластувањата и должностите на функцијата, согласно 25-от амандман. Потпретседателот Џ. Д. Венс би морал да ги потпише наодите, со што привремено ќе го отстрани претседателот од функцијата, а по 21 ден Конгресот би морал со двотретинско мнозинство во двата дома да изгласа трајно отстранување.
  • Отфрлајќи ја иницијативата, републиканците потсетуваат на менталната состојба на поранешниот претседател Џо Бајден. „Острината, неспоредливата енергија и историската достапност на претседателот Трамп се во остра спротивност со она што го видовме во текот на изминатите четири години кога демократите намерно го прикриваа сериозниот ментален и физички пад на Џо Бајден.“
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Дон Роко Казанова го освојува српскиот пазар

Разно
2

Со студенти се претера

Свет
3

Службен автомобил за релокација на службено сено

Македонштина
4

Битолско сценарио во три фотографии

Македонштина
5

Маѓар јако фаќал кривини во парламентот

Разно
6

Зошто да не?

Македонштина
7

Којзнае како таа го замислува Сонцето

Македонштина
8

Тестирање за Менса во Скопје

1

Со студенти се претера

Свет
2

Тестирање за Менса во Скопје

3

Трамп ја изгуби Мелони

Свет
4

Конгресмени покренаа иницијатива за отстранување на Трамп

5

Корумпираноста на Трамп ја тоне економијата

Свет
6

Зеленски сè уште ја уценува Унгарија со нафтоводот Дружба

7

Маѓар бара оставка од претседателот и замолкнување на државната телевизија

8

Мицкоски за враќањето на Груевски

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Џонтра Волта и Шонко Нери, имаме понуда за вас

Балканштина

Торта изгубена во преводот

Разно

Ќе ги биде ли конечно Македонски пошти?

Македонштина

Службен автомобил за релокација на службено сено

Македонштина

Којзнае како таа го замислува Сонцето

Македонштина

Битолско сценарио во три фотографии

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Подарок за секој случај

Да го пратиш на вакцинација, тој на кастрација ќе отиде

И пак не сте задоволни

Будала, заради факултетот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy