Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Tретина од воената морнарица на САД чека наредба за напад врз Иран

19 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • САД концентрираат на Блискиот Исток најголеми поморски и воздушни сили по инвазијата врз Ирак во 2003 година, предупредува Волстрит журнал.
  • Во водите близу Иран се носачот на авиони „Абрахам Линколн“ , девет разурнувачи и три борбени бродови, со нивните придружби. На пат е и носачот „Џералд Форд“ - најголем во светот, придружуван од три разурнувачи. Сега се кај Гибралтар. Кога ќе пристигнат, спроти Иран ќе бидат поставени речиси една третина од вкупните поморски сили на САД.
  • Во воздухопловните бази во регионот пристигнале или се на пат напредни авиони ф-35, ф-22, ф-15 и ф-16, како и воздушни танкери КЦ-135. Во регионот се доставени оружје и муниција доволно за војување со недели, не само за единечен удар.
  • Полскиот премиер Доналд Туск ги повика полските државјани итно да го напуштат Иран. Ги предупреди дека поради ризикот од воен конфликт им преостануваат само часови пред да се затвори временскиот прозорец за евакуација. „Ве молам заминете веднаш... и не одите во оваа земја под кои било услови“.
  • Цената на нафтата вчера скокна за 4% на над 71 долар за барелот „брент“ и продолжи да расте поради стравувањата на инвеститорите дека ќе биде загрозен извозот од Персискиот залив преку Ормускиот теснец, низ кој поминува една четвртина од глобалната трговија со нафта со танкери. Иран извезува 1,5 милион барели нафта на ден, главно за Кина.
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

АНБ со мирис на УДБА

8

Размислете за храната

Медиуми
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Почина Биљана Плавшиќ

5

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
6

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

7

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Демократијата e како Ајрон Мејден

Дали постои природно „зло“?

Животни лекции од Ентони Бордејн

Зошто ние не сме РТС

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy