Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Обвинителот кој дигна раце: Не сте свесни колку институциите се заробени

18 август 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Кога отидов во обвинителството, јас затворив разработена адвокатска канцеларија специјализирана во областа на кривичното право. Тоа беше мојата лична жртва во проектот на менување на состојбите во обвинителството и правосудството воопшто. Од денешен аспект можам да кажам дека ама баш ништо не сум успеал да променам. Да не речам дека сум потрошил една декада од животот за џабе“ вели Воислав Димоски во интервју за МКД.мк
  • „Јас не дадов оставка, јас се евакуирав!“, вели човекот кој по оставката доби едно ФРАПАНТНО НЕПИСМЕНО решение после кое со право се прашува „зошто наместо кандидати за вечерно школо, Обвинителството изнедрува кандидати за уставни судии?“.
  • „Не можете да претпоставите до која мера се заробени институциите. На пример, своевремено ми водеа постапка за прекршување на Етичкиот кодекс кое сум го сторил со објава на мојот фејсбук-профил. А бев објавил фотографии од ружите во мојата градина (црвена и жолта) со коментар: „Процветаа ружите со боите на Македонија! Ќе процвета и Македонија, само да се раатиса од вошките!“
  • Јас и Русковска им припаѓаме на сосема различни професионални и етички милја, но во хајката што ја спроведуваат кон неа ги гледам истите постапки и истите извршители како во хајките што своевремено ги водеа против мене, а кои нагалено си ги викаа „дисциплински постапки“.
извор

Бездомник го навредил Ердоган за да преспие во затвор

17 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Бездомник од турскиот град Аланија пред суд признал дека намерно го навредил претседателот Реџеп Таип Ердоган, со цел да биде приведен и да добие храна и кревет во затвор.
  • „Немам каде да престојувам, спијам по депонии“, изјавил 66-годишниот маж на првото појавување пред суд. Признал и дека претходно три пати намерно го навредувал Ердоган, но не го задржале во притвор.
  • Според Членот 299 од Кривичниот законик на Турција, за навредување на претседателот е предвидена казна од една до четири години затвор.
  • Иако овој член постои со децении, неговата примена значително се зголеми откако Турција во 2018 година премина кон претседателски систем.
  • Во периодот од 2016 до крајот на 2025 година, обвинителите отвориле речиси 83.000 предмети за делата навредување на претседателот, знамето и државните симболи, турската нација и државните институции.
извор

Трамп ги откажа трговските санкции за Русија

17 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Трамп блокира клучни американски санкции и царини поврзани со Русија, само неколку дена пред тие да стапат на сила согласно „Законот на Линдзи Греем“, усвоен од Конгресот и потпишан од претседателот минатиот месец.
  • Мерките вклучуваат царини за увоз на руски стоки и казнени царини од 100% за земји што купуваат нафта и гас од Русија. 
  • Трамп истакна дека ги одложува санкциите „заради националниот интерес на САД“. Проценките се дека новите мерки дополнително ќе ги зголемат цените на горивата, токму пред изборите за американскиот Конгрес во ноември.
  • Во новата наредба се истакнува дека законот не се укинува целосно и дека санкциите ќе може да бидат воведени „кога Трамп или високи функционери ќе проценат дека се соодветни“.
  • Кирил Дмитриев, претставникот на Путин за инвестиции, ја нарече одлуката на Трамп „историски момент“, бидејќи законот ќе запрел секаква економска соработка меѓу Русија и САД.

 

 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Златен медал за македонска ракија во Лондон

2

Дојде време да се укине престапната секунда

Занимливости
3

Ние би му ставиле петка

Балканштина
4

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Балканштина
5

Репортажа од Македонија: Ова никако не го очекував

Разно
6

Изгубени во подесувањата

Балканштина
7

Нови ЕУ правила за рачен багаж во авиони

8

Дигиталниот идентитет во ЕУ ќе стане задолжителен пред банките

Свет
1

Златен медал за македонска ракија во Лондон

2

Дојде време да се укине престапната секунда

Занимливости
3

Дигиталниот идентитет во ЕУ ќе стане задолжителен пред банките

Свет
4

Нови ЕУ правила за рачен багаж во авиони

5

Белата куќа ја смени прес-секретарката по само еден брифинг

6

Бездомник го навредил Ердоган за да преспие во затвор

7

Трамп ги откажа трговските санкции за Русија

8

Зеленски ја плаши ЕУ со 20 милиони украински бегалци

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Балканштина

Ние би му ставиле петка

Балканштина

Изгубени во подесувањата

Разно

Репортажа од Македонија: Ова никако не го очекував

Македонштина

Во чест на легендарниот администратор на АМЦ

Балканштина

Нашите „Богати и славни“ стигнаа до Белград

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Срање версус Дамб, пронајди ја разликата

Како да го прочитате "Хари Потер" за 77 минути?

Вили ме вози

Како за свинскиот грип испаднавме овци

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy