Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Нуклеарно деескалирање, лудом радовање

31 октомври 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Финска ќе му дозволи на НАТО да постави нуклеарки на границата со Русија доколку земјата биде примена во Алијансата.
  • Финска и Шведска уште во мај поднесоа апликација за влегување во НАТО која рапидно се одобрува од членките на Алијансата, освен од Турција.
  • По аплицирањето, финските власти порачаа дека тие нема од НАТО да се повикуваат на никакви „рестрикции или национално оградување“ ако бидат примени, што значи дека земјата нема да има забелешки за поставување нуклеарно оружје или НАТО бази на нејзина територија.
извор

Европски лидери се охрабрија да разговараат со Путин

27 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Финскиот претседател Александар Стуб и норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе денеска телефонски разговарале со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина.
  • Стуб и Сторе, кои минатата недела во Осло беа домаќини на американскиот посредник Стив Виткоф и украинскиот претседател Зеленски, истакнаа дека разговорот со Путин бил „во име на нивните земји и на никој друг“.
  • Планот бил да разговараат 20 минути, но биле на линија час и половина. Сторе го опиша разговорот како „суштински, фокусиран на конкретните прашања и професионален“.
  • „Тој потсети на своите ставови за тоа како се развивал конфликтот од 2014 година – а ние ги изнесовме нашите позиции. Станува збор за добро познати ставови, кои можевме да ги сослушаме и на нив да одговориме“, изјави норвешкиот премиер.
  • Одговарајќи на критиките од данската премиерка Мете Фредериксен зошто не ја координирале иницијативата со европските партнери, Сторе одговори дека директно му ги пренеле своите ставови на Путин.
  • „Сметам дека водењето разговори и испраќањето соодветни пораки не е погрешно. Денес до Москва допираат пораки само од американската администрација. Сега се слушаат и гласови од две соседни држави – Финска и Норвешка – кои не зборуваат во име на другите, туку... во целосна усогласеност со ‘коалицијата на оние што сакаат да дејствуваат‘, кои делат исто мислење за природата на оваа војна и за тоа како таа треба да заврши“, изјави Сторе.
извор

Цветковиќ: Во Израел, со кичмата во куфер

27 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Тринаесетмина пратеници од македонското Собрание неодамна се вратија од службена посета на своите колеги од израелскиот парламент или Кнесет. Сега истите изигруваат жртви, изненадени и навредени, од, би рекла дури и срамежливите, реакции на јавноста, небаре отишле таму на шопинг, а не во име на македонскиот народ да дадат кукавичка поддршка на земја што врши окупација и хуманитарни трагедии врз палестинскиот народ.
  • Навикната, просечните македонски политичари да не можат да видат ништо подалеку од Табановце и Деве Баир, а камоли да разбираат деликатни и комплицирани политички, геостратешки и империјалистички глобални односи, ќе се обидам накусо да им „нацртам“ каде биле и пред кого ја свиткале кичмата, оптоварувајќи нè и нам со нивниот срам, кој очигледно не го чувствуваат.
  • Амнести интернешнел, по обемната истрага на убиствата, тешките повреди, уништувањето на цивилната инфраструктура и намерното наметнување услови што го загрозуваат опстанокот на населението, заклучи дека Израел врши геноцид врз Палестинците во Газа.
  • До истиот заклучок дојде и Независната меѓународна истражна комисија формирана од Советот за човекови права на ОН.
  • Досега во Газа се пријавени повеќе од 71.800 убиени Палестинци, меѓу кои најмалку 21.289 деца и над 171.000 повредени, пишува Ирена Цветковиќ за Призма.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Доби црвен и се врати од тунелот за да го патосира Чурлинов

Фудбал
2

Двојазичност на албански начин

Македонштина
3

На „револуционерите“ никогаш не им е доволно

Балканштина
4

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Балканштина
5

Желботека

Балканштина
6

Фаќање сеир на оние кои избегаа од Трамп

Разно
7

Вучиќу, не си единствен

Балканштина
8

Србија: Кој ќе биде намагарчен?

Мешано
1

Фаќање сеир на оние кои избегаа од Трамп

Разно
2

Се бара затворање на Информер, Вучиќ најавува прекин на комуникациите

3

Европа вложи сè во коли на струја - и загуби

Бизнис
4

САД градат „Тврдина“ за глобална војна

Свет
5

Микрософт им понуди отпремнини на 60.000 вработени

6

Антропик се претстави како темпирана бомба за човештвото и инвеститорите

Технологија
7

Цветковиќ: Во Израел, со кичмата во куфер

8

Европски лидери се охрабрија да разговараат со Путин

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина

Желботека

Балканштина

На „револуционерите“ никогаш не им е доволно

Балканштина

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Војна каква што прифаќам

Видлива и невидлива Македонија

4 часа, 47 минути

Сите љубови на Хоки

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy