Планираното видео-вклучување на Зеленски на последната фестивалска вечер на Сан Ремо наиде на критики во Италија, земја во која поддршката за Киев, во најдобар случај е млака.
„Ако Зеленски наоѓа време за таква работа, тогаш ОК. Само што јас од Сан Ремо очекувам да слушам песни“, изјавил вице-премиерот Матео Салвини.
Поранешниот глумец и комичар, се вклучи и во Голден Глоуб а неговата сопруга Олена се сликаше за магазинот Вог.
До даљнег, најцарското појавување на Сан Ремо го држи Ибра.
Тие што вчера брусеа шахти, денес бројат сончеви зраци на знамето. Се нарекуваат нордистанци – опскурна секта чија основа е интелектуалната бижутерија на граѓанството луѓенца или како што ги нарече нивниот гуру: шуто и рогато.
Oвие веруваат дека промената на името Македонија и откажување од историјата може да ти ги плаќа сметките и да ти донесе материјална благосостојба.
Сектата на нордистанците ѝ се претстави на јавноста преку групно гушкање на Градскиот трговски центар, ритуал што од нив беше објаснет како обид за зачувување на архитектурата, но за секој добро упатен окултист што знае дека езотеријата секогаш е повеќеслојна, ова беше поттик да се влезе во длабочините на ваквата ритуализација и да се постави прашањето: дали оваа еротична нежност изразена преку гушкање на еден трговски центар како дел од љубовна предигра, води кон целосно насочување на сексуалната енергија кон консумирачкиот комформизам на материјалистичката стварност што нè опкружува?
Примарна цел на сектата на нордистанците беше, а тоа им успеа – воведување на нивниот култ како единствена државна религија, идеја смислена од повисоките однадвор масонски мајстори претставени преку личности како Мастер Бејли, Хан д’ Џган, Мадам Могерини, а спроведена преку духовниот водач на шуто и рогато – Гуру Заев – идеја што се манифестираше преку укинување на името Македонија и забрана за консумирање македонска историја, двата непријатела на нордистанската секташка идеологија, бидејќи во нивниот окултистички светоглед, македонизмот не може да им ги плати сметките – големите трошоци за патот кон кој секогаш се стремеле – тајните мистични лавиринти на духовната и емотивна канализација.
А таму кајшто има канализација, тука се и шахтите – пречка за стремежот на нивната идеологија кон длабоките канализациски води на плиткоста. И така, започнаа со нов ритуал – фанатично брусење шахти – ритуал посветен на култот на божицата на западното изгрејсонце, Брусела Шахта, вегетативна божица што вегетира на туѓи грантови, шест месеци глуми подземје, а шест месеци господари со длабочините на плиткоста.