Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Митко Б. Панов: Како Македонците ќе ја загубат историската тапија

5 јули 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Бугарија, како и Грција, ќе го условат преговарачкиот процес со нивното видување на имплементацијата на договорите, во што приоритетно прашање ќе има „прочистувањето“ на македонската историја во согласност со нивните национални наративи.
  • Сосема сигурно ќе биде побарано бришење на Прогласот oд Првото заседание на АСНОМ, бидејќи не само што во овој документ му се обзнануваат одлуките на македонскиот народ како државотворен и конститутивен, туку истиот го содржи и терминот „бугарски фашиски војски“.

  • Македонските Словени ќе станат етнички Бугари уште од 7 век, а придавката македонски во историска смисла ќе се претвори во исклучива регионална ознака, без етничка содржина. Од тоа ќе произлезе дека постоеле и постојат само „македонски Бугари“, кои живееле и живеат во „Северна Македонија“.

  • Тоа ќе значи признание дека постоењето на македонскиот народ и македонската нација е засновано на вештачки конструкт и декрет на Тито, со што дотогашните Бугари, биле насилно идеолошки конвертирани во непостоечки етнички Македонци.

  • Придавката „македонски“ ќе ја изгуби историската содржина, станувајќи „бугарска“ или „грчка“ во зависно од историската контекстуализација на комисиските договарања.

  • Секој чесен македонски граѓанин, независно од припадноста и професијата, мора да го крене гласот против Францускиот предлог, за напатениот македонски народ да не остане без историската тапија врз срцето и свеста, без запис за себе, со туѓ спомен на друг!

извор

Администрација: Два кеца за црвен картон

19 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Собранието ги усвои измените на Законот за административни службеници со кои административците што две години по ред ќе добијат оценка „1 - не задоволува“ ќе го загубат работното место.
  • Освен построги правила за оценување, законските измени носат и промени во напредувањето, дисциплинската одговорност и организацијата на административната служба. Власта тврди дека целта е поефикасна, потранспарентна и попрофесионална администрација, додека опозицијата предупредува дека дел од решенијата отвораат простор за политички притисоци врз вработените.
  • Една од клучните новини е укинувањето на можноста за унапредување без претходно објавување интерен оглас.
  • Опозициската СДСМ не ги поддржале измените. „Една работа да пофалевте, да речете добро е, се исправи една работа“, рекол координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски.
извор

Обвинет за лажен исказ, вештак продолжил да сведочи за „Пулс“

19 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Вештакот Петре Русески, ангажиран од одбраната во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на денешното рочиште рече дека не смета дека постои основ за негово изземање, откако Обвинителството откри дека е обвинет за давање лажен исказ во друг предмет.
  • Рекол дека за обвинението против него 2 години немало рочиште. 
  • Русески остана на ставот дека од градежен аспект објектот одговорил на својата намена и дека изведените зафати претставувале „градежно-занаетчиски работи“. Овој вештак го изработи градежното вештачење за одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов и за двајца други обвинети.
  • Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката Пулс, остро реагираа на изнесените тврдења во судницата од страна на вештакот на одбраната и на минатото рочиште. Александар Наунов, во изјава за медиумите на паузата од минатото рочиште, истакна дека “изведените градежни зафати не може да се третираат како обични занаетчиски работи со цел да се избегне одговорноста за градење без одобрение”, потенцирајќи дека судскиот процес “не е само за градежни конструкции, туку за безбедноста, одговорноста и загубените човечки животи”. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Боже, дај ми знак

Разно
2

Едно академско прашање

Балканштина
3

Ние би му ставиле петка

Балканштина
4

Нова црногорска епика

Балканштина
5

Париз гори, а има и кој да се чешла

Забава
6

Приказна на денот

Забава
7

Игри без граници

Разно
8

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Балканштина
1

Од март камери ќе наплаќаат патарина во Хрватска

2

Никола Димитров и македонското искуство за „пократок пат до ЕУ“

3

Маск чести: По 1 акција од SpaceX за секое дете во САД

4

Мрзливата Европа го преспа подемот на Индија и Кина

Бизнис
5

Администрација: Два кеца за црвен картон

6

Книгата која Западот одбива да ја прочита

Мислења
7

Обвинет за лажен исказ, вештак продолжил да сведочи за „Пулс“

8

Путин бара самит со Трамп и Си за Украина

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Нова црногорска епика

Балканштина

Едно академско прашање

Балканштина

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Балканштина

Ние би му ставиле петка

Балканштина

Изгубени во подесувањата

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Еврејски поглед на Џорџ Сорос

Ова не ни текнало

И јас, и јас!

70 години тркалање

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy