- Ценовен шок за сите кои се возат на компресиран метан - енергенсот од денес им нова цена, 120% поголема од претходната, и изнесува 110 мкд кг/цнг.
- Ако се земе предвид просечната цена на ЦНГ Метан од претходниот месец која изнесуваше 46.83 мкд кг/цнг, тогаш растот на цената (денешната во однос на просечната цена од претходниот месец) изнесува дури 135%.
- Единствена компанија која го снабдува македонскиот пазар со овој енергенс/погонско гориво и која што го нуди на своите бензински пумпи е Макпетрол АД Скопје. Со други зборови, монопол.
- Зошто не се регулира цената на ова погонско гориво и се дозволува слободно пазарно формирање на цена на одреден енергенс во услови кога една компанија може преку ноќ да направи драстична ценовна промена или со други зборови да прави што сака со цената на овој енергенс?
- Талибанските власти дале нова директива жените во Авганистан да не бидат ословувани по име, туку по прекари.
- Здравствените работници во провинцијата Балх добиле насоки да ги запишуваат жените како „биби“ (баба) кога им издаваат рецепти за лекови.
- Лала Османи, авганистанска активистка која живее во Германија, изјави за „Ел Паис“ дека Талибанците ги ословуваат жените како „кози“ и „крави“. Во официјалните документи често пати се регистрираат според имињата на нивните мажи или татковци.
- Во многу делови на Авганистан, јавното спомнување на име на жена се смета за навреда за честа на нејзиниот сопруг или семејството, поради што имињата не се врежуваат ни во надгробните споменици.
- Ова се надоврзува на новиот кривичниот законик со кој на мажите им се дозволува да ги тепаат своите жени и се озаконуваат браковите со деца.
- Лидерот на австриската десничарска опозиција ги повика ЕУ и Австрија да ги депортираат сите нелегални мигранти во Украина кога ќе заврши војната со Русија.
- Би ги испратиле и Сиријците и Авганистанците, не само украинските бегалци кои беа згрижени низ Европа.
- Херберт Кикл истакнува дека на овој начин Киев би им се оддолжил на европските земји за обемната финансиска поддршка што ја добиваа од нив.
- „ЕУ и Австрија вложија стотици милијарди во Украина. Ако оружјето таму стивне, крајно време е да се бара нешто за возврат“, изјави лидерот на Партијата на слободата.
- Тој тврди дека Киев би имал полза од оваа шема, бидејќи Украина е соочена со демографска криза, а мигрантите би можеле да помогнат во повоената обнова на земјата.