- „Германија се враќа! Германија прави значителен придонес за одбраната на слободата и мирот во Европа. Ова е јасна порака до нашите партнери, но и до непријателите на нашата слобода. Способни сме да се одбраниме“, објави идниот канцелар Фридрих Мерц откако обезбеди поддршка од Зелените за огромно задолжување на владата.
- За такво задолжување неопходно е да се промени Уставот. Конзервативците на Мерц, заедно со социјалдемократите и Зелените имаат двотретинско мнозинство во актуелниот состав на Бундестагот.
- Со задолжувања ќе биде формиран фонд од 500 милијарди евра за обнова на инфраструктурата. Поголемиот дел ќе биде насочен кон одбранбените капацитети.
- Зелените на преговорите издејствувале 100 милијарди за „климатска трансформација“.
- Додека земјата се справува со длабока економска промена, Русите треба да размислат да работат по 12 часа дневно, шест дена во неделата, предлага рускиот милијардер Олег Дерипаска.
- Рускиот крал на алуминиумот смета дека рускиот народ треба да се потпре на својот главен национален ресурс - во тешки моменти да се здружи и да запне.
- „Колку побрзо се префрлиме на ова ново работно време - од 8 часот наутро до 20 часот навечер, вклучувајќи ги и саботите - толку побрзо ќе ја завршиме неопходната трансформација“, напиша индустрискиот магнат.
- Олег Дерипаска има 58 години, сопственик е на алуминиумскиот гигант “Русал” и неговото богатство пред инвазијата се проценуваше на 3,8 милијарди, подоцна падна на 1,7 милијарди милијарди долари. Кога беше најјак, имаше 28 милијарди.
- Честите заминувања на Доналд Трамп по голф терени, во првите 14 месеци од вториот мандат ги чинат американските даночни обврзници 101,2 милиони долари, трошоци за патување и обезбедување.
- Тоа се веќе околу две третини од целата негова голф сметка во првиот мандат, што не беше мала.
- Со ова темпо, вкупната сума би можела да се искачи до 300 милиони долари до крајот на неговиот втор мандат.
- Последен пат на голф беше во Вест Палм Бич. 56 пати бил таму од инаугурацијата во 2025 година.
- Од 435 дена на функција, 110 дена играл голф.
- А вие го мислите дали е арен.