- Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп по забрзана постапка одобри испорака на оружје вредно 8,6 милијарди долари за Израел, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт.
- Заобиколувањето на вообичаената процедура во Конгресот, државниот секретар Марко Рубио го објасни со постоење „вонредна состојба.“
- Пакетот вклучува системи за противвоздушна одбрана, ракети со ласерско наведување и проектили за системот „Патриот“.
- Иако Трамп со недели тврди дека Иран практично веќе нема армија, Израел и американските сојузнички држави во Заливот и натаму се под напади од ирански ракети и дронови.
- Jане Ченто поднесе кривична пријава против поранешната обвинителка Вилма Русковска, тврдејќи дека таа сторила кривично дело во текот на постапката за случајот „27 април“ за да изнуди лажно сведочење на сведок во процесот поради што 15 лица беа осудени за тероризам и добија вкупна казна од над 200 години затвор.
- Поводот за ваквиот потег е последната одлука на Апелација со која се одбива барањето на осудените и оштетените од процесот „27 април“за повторување на постапката. Осудените велат дека имаат право да добијат нова, пофер постапка поради тоа што по првичната пресуда за тероризам се појавиле нови околности кои, според нив, можат сосема да ја изменат сликата за процесот.
- МИА дојде до последното решение на скопска Апелација. Од него се гледа дека осудените во барањето до Кривичен, а потоа и во жалбата до Апелација, се жалат дека имало пропусти во првичната постапка, но и дека имаат индиции дека Русковска сторила кривично дело во постапката и дека тоа резултирало со лажно сведочење на еден од сведоците, што влијаело врз исходот на постапката.
- Но, Апелација вели дека ваквите индиции не биле поткрепени со пресуда против Русковска или лажниот сведок, па затоа им го одбива барањето. Но, прашањето е дали пресудата била неопходна или дали апелацискиот совет, составен од судиите Јусуф Ајрулахи — претседател на советот, Лидија Зимбовска и Бетим Јахја — членови на советот, сепак имале законска можност да одлучат да го повторат процесот за кој најголем дел од јавноста смета дека бил претеран, особено во квалификацијата на делото и висината на казните?