Вести › Набрзинка
Победа како предупредување
-
Бројките од локалните избори 2025 се како пресликани од циклусот во 2017 година, само што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги сменија улогите, пишуваат 360 степени.
-
Со вчерашниот втор изборен круг ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори усвои вкупно 54 градоначалнички манадати во општините плус Градот Скопје, што е за два мандати помалку од резултатот што СДСМ го постигна на локалните избори пред осум години, кога победи во 56 и во главниот град.
-
Ако се погледнат бројките заклучно со вчерашниот втор круг, актуелната владејачка партија, го има речиси истиот резултат како СДСМ во 2017 година. Истовремено, социјадемократите на овие локални избори го пресликаа многу слабиот биланс што нивните политички опоненти го доживеаја пред осум години.
-
Ако новите победници фатат да се курчат и бахатат како другиве, да им е јасно како ќе завршат.
Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг
- Од вкупно 345.525 гласачи кои излегле на гласање во вториот круг локални избори, како неважечки се евидентирани 19.287 ливчиња.
- Само во Град Скопје се евидентирани над десет илјади неважечки ливчиња, односно 10.528 од 167.575 гласачи, што претставува 6,3% од вкупниот број.
- Секое шеснасетто ливче во Скопје било неважечко во вториот круг локални избори.