- По препорака на Владата, АВМУ од кабелските оператори побара исклучување на руските канали.
- Се работи за Раша Тудеј и Спутник.
- На кабелските во Македонија слободно се емитуваат бугарски телевизии во кои на големо се докажува дека сме измисленa нација.
- Нобеловецот Пол Кругман го споредува растот на акциите на SpaceX со манијата на купување криптовалути што ја покрена Доналд Трамп.
- Кругман тврди дека пазарната капитализација на компанијата на Илон Маск расте поради возбудата на пазарите, а не поради фундаментални фактори.
- „Сè за SpaceX во суштина е во возбудата. Всушност, тоа е меме-акција од 2,75 билиони долари. Единствените победници ќе бидат оние кои влегоа рано, предизвикаа пазарна возбуда и ќе излезат пред дното неизбежно да падне“, додаде Кругман.
- Првите сигнали за шпекулативна трговија се појавија вчера, кога акциите на SpaceX паднаа за 3%, откако во претходните денови ја зголемуваа вредноста за близу 20%.
- „На својот врв, биткоинот имаше пазарна капитализација слична на онаа на SpaceX сега. Сепак, фактот дека биткоинот е економски бескорисен за ништо друго освен за перење пари значеше дека неговите зголемени вреднувања се темелеа на верувањето дека администрацијата на Трамп ќе им дозволи на компаниите за крипто ефикасно да работат како нерегулирани банки. Како што паѓа рејтингот и политичка моќ на Трамп, така опаѓа и вредноста на биткоинот. Но, оние кои рано се вклучија во трговијата и им ги продадоа своите акции на оние што веруваат во Трамп, заработија многу пари“, објаснува Кругман.