- Гордана Силјановска-Давкова дава заклетва. Пет минути подоцна се вклучуваат сирени за тревога. Земјата се тресе, земјотресот е многу силен, со епицентар од Брисел до Бихаќска. По улици трчаат болдирани наслови накострешени од хистерија. Небањатите ни ја крадат иднината! ВМРО-ДПМНE ќе го укине идното време во граматиката! Силјановска-Давкова ѝ објави војна на Грција!
- Меѓу две запирки, детектирано руско влијание во победничкиот говор на Мицковски! Бродот Нордистан го крена сидрото што го влечеше кон ЕУ, дали кормилото е во рацете на Путин? Ако не се почитува Преспанскиот договор, тогаш ЕУ ќе мора да…
- Што ЕУ, бе, што… ЕУ? Почитување? Договор? ЕУ се јави да мрчи дека некој нешто не почитува?
- ЕУ која со две раце го срка грчкиот нацизам кон Македонија, а бугарскиот фашизам ни го напика во рамка, ЕУ која се помоча на сите пресуди на Стразбур против Бугарија и како тоалетна хартија ја истретира пресудата, во наша корист, на Меѓународниот суд во Хаг… ЕУ ли ќе зборувате за чест и почит? Па, жими копнехашките критериуми, нема критериум што може да ви ги измери лицемерствата.
- Јенсен Хуанг лани добил зголемување на платата од 60%, што се должи на извонредните перформанси на акциите и успехот на компанијата со проектите со вештачка интелигенција.
- Лани работеол за плата од 34,2 милиони долари, 12,8 милиони повеќе од прегходната година.
- Попат добил и нешто бонуси па вкупниот приход му изнесувал 44 милиони долари.
- А бидејќи од плата не се живее, Хуанг има и акции во Нвидиа кои моментално вредат 82,5 МИЛИЈАРДИ долари.