- 28 академски професори, театарски, филмски и музички уметници од Македонија и регионот упатија отворено писмо до македонската Влада во кое изразуваат јавна подршка на проектот СТП/Стоунбриџ Студиос, со кое го поддржуваат отворањето на филмски и музички студија во Скопје.
- „Свесни дека од осамостојувањето до денес, оваа иницијатива претставува еден од највозбудливите и најперспективните предизвици за севкупен економски, културен и технолошки исчекор на македонското општество, сакаме да ја охрабриме Владата за брзо и неодложно остварување на проектот СТП“, се вели во отворено писмо до Владата.
- Писмото го потпишаа Џон Малкович, Мат Дилон, Игор Џамбазов, Тони Михајловски, Мики Манојловиќ, Драган Бјелогрлиќ, Тоше Поп Симонов, Борис Дамовски, Јордан Плевнеш, Срѓан Драгојевиќ....
- Претставничкиот дом на Парагвај ја одби понудената оставка на претседателот Сантјаго Пења за да може да му го одземе имунитетот и да покрене импичмент во Сенатот, што најверојатно ќе заврши со обвинение и судски процес.
- Одземањето на имунитетот било акламативно, вклучувајќи ги и пратениците од неговата партија а на Пења му беше одреден куќен притвор.
- Незадоволни од тоа, демонстранти се собраа пред неговата резиденција, во еден моментиот ја пробија блокадата па Пења итно бил евакуиран во некоја воена база.
- Причина за скандалот е затворањето на најголемата дигитална банка, Уено, која беше ставена под управа на централната банка откако се утврди дека паднала под предвидениот минимум солвентност. Преку три милиони луѓе во Паргвај останаа без своите пари па дополнително ќе бидат обесштетувани.
- Долго откако беше избран на функцијата, претседателот Пења одржувал бизнис релации со сопственикот на банката, групацијата Веласкез.
- Уапсени се група директори во Уено а претстедателот на Централната банка, Карлос Каваљо поднесе оставка. Не е сигурно дека ќе помине само со тоа: поставен е таму пред три години од Пења откако беше прв човек на финансиската компанија која прерасна во Уено.
- Во српскиот дневен весник „Данас“ под псевдонимот „Пријател на студентите“ со месеци беа објавувани текстови со политички и правни совети до студентите блокадери (во периодот пред вонредните парламентарни избори), вклучувајќи предлози за стратегија, формирање експертска влада, отворање кон ЕУ и состав на Студентската листа.
- По изборите, авторот го обелодени својот идентитет: Александар Маршавелски, вонреден професор на Правниот факултет во Загреб но уште поважно, член на хрватскиот совет за граѓански надзор на безбедносно-разузнавачките служби на Хрватска.
- Маршавелски поднесе оставка на таа функција но обелоденуваето на неговиот идентитет ги подгреа сомневањата на довчерашните српски власти дека рушењето на Вучиќ било инструирано од странски центри.