Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Картел њуз: Русковска суспендирана, Муареми се повлекува

16 август 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Првиот човек на Управата за Финансиска полиција, Арафат Муареми се повлекува од функцијата откако јавниот обвинител Љубомир Јовески поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки од Обвинителството за гонење организиран криминал и ја суспендира Вилма Русковска по пријавата од Муареми за незаконитото постапување и злоупотребата на службената положба и овластување, при претресот во Управата минатиот месец.

  • Финансиската полиција претходно објави дека обвинителите доставиле до Судот лажни податоци за да добијат налог за претрес, со што е прекршен Законот за кривична постапка.

  • Русковска потврди дека добила решение за суспензија.

извор

Мобилниот на Трамп е копија на кинески, само обоен во златно

12 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Целосна демонтажа потврдува дека мобилниот телефон Trump Mobile T1 промовиран од претседателот Трамп е целосна копија на моделот HTC U24 Pro, кој од пред две години се произведува во Кина.
  • „Сè е исто, освен шемата на дупките во куќиштето“, заклучуват мајстори од порталот iFixit, кои го расклопиле телефонот до шрафче.
  • Оригиналот и копијата биле функционални дури и кога им биле заменети матичните плочи.
  • Цената на оригиналниот кинески телефон од средна класа е околу 470 долари (564 евра за европскиот пазар). Трамп го нудеше по привилегирана цена од 499 долари, за оние што платиле капар од 100 долари.
  • „Трамп Мобајл“ тврди дека добил 600.000 нарачки и се надева дека ќе продаде околу 30.000 телефони.

извор

Од денеска ЕУ има нови правила за мигранти и азил

12 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Од денеска на сила стапува новиот Пакт за миграција и азил на ЕУ – пакет од десет реформи што опфаќаат построги контроли на границите, обработка на барањата за азил и депортациите и порамномерно ја распределива одговорноста за сместување на мигрантите низ земјите-членки.
  • Барателите на азил од „безбедни“ земји или оние што претставуваат потенцијална закана за безбедноста се соочуваат со забрзано тримесечно време на обработка и се ограничени на една можност да поднесат жалба за одбиено барање.
  • Се дава приоритет на брзо враќање на лицата кои не ги исполнуваат условите за азил, се прошируваат овластувањата за депортации и се овозможува отворање центри за репатриација.
  • Новата биометриска база на податоци (Еуродак) собира отпечатоци од прсти и фотографии на лицето од сите мигранти - вклучително и деца на возраст од шест години - за да ги следи нивните движења и да спречи неовластено патување во рамките на блокот.
  • Земјите што се најсилно оптоварени со миграција ќе добијат загарантирана помош од другите членки на ЕУ – да примат дел од мигрантите или да обезбедат директна финансиска поддршка.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

„Равенка за сè“ именувана по македонски автори

Разно
2

Како да ги решиш маалските пијандури

Балканштина
3

Честитки, Петар!

4

Јуначко срце

Балканштина
5

Учиме бугарски поговорки

Балканштина
6

Скопје добива нов и супер модерен објект

7

Ништо не може да ја спаси Кина од демографски колапс

Занимливости
8

Загризете од понудата

Балканштина
1

Ништо не може да ја спаси Кина од демографски колапс

Занимливости
2

Рекорден број луѓе заминуваат од Канада

3

Брисел, европскиот град на макроата

Разно
4

САД депортира Иранци во Африка

Свет
5

Украина стана махер за воени иновации

Технологија
6

Трамп и Путин сакаа брзи победи. Добија вечни војни

Мислења
7

Мобилниот на Трамп е копија на кинески, само обоен во златно

8

Од денеска ЕУ има нови правила за мигранти и азил

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Учиме бугарски поговорки

Балканштина

Јуначко срце

Балканштина

Загризете од понудата

Балканштина

Како да ги решиш маалските пијандури

Балканштина

Да сте научиле да ја пеете Ѓурѓордванг!

Балканштина

Бисери на балканскиот маркетинг

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Краток излет во „зајачката дупка“

Стигна Дизни плус, сталинистички искасапен

„Не можеш бе наш човек да заебеш!"

Човекот со козите

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy