- Често (или најчесто) користените платнени маски беа речиси бескорисни во спречување на трансмисијата на коронавирусот.
- Истражувачи од Бристол утврдиле дека низ таквите маски вирусот успева да се пробие во 90% од случаите.
- На другиот крај на ефикасноста се KN95 кои ефикасно филтрираат 95% од воздухот кој мине низ нив.
- Претседателот на Израел, Исак Херцог, најави дека ќе му го довери мандатот за формирање нова коалициска влада на опозицискиот лидер Гади Ајзенкот.
- Ни неговата (48 пратеници) ни партијата на Нетанјаху и неговите ултрадесничарски сојузници (53 пратеници) имаат доволно за влада но Херцог се решил на ваков потег откако лидерите на арапските партии најавиле дека поддршка би му дале на Ајзенкот.
- Досега сите израелски влади биле коалициони. Сегашниот распоред на силите се должи на рекордната излезност на арапските гласачи кои обезбедија 19 пратенички места.
- Ајзенкот е поранешен началник на армискиот Генералштаб и нема да му е лесно да создаде мнозинство со оглед на тоа што сите освен една еврејска партија, пред изборите се обврзаа дека нема да соработуваат со арапските коалиции за формирање влада.
- Четири жени и двајца мажи се мртви, најмалку 16 лица ранети (петмина странски државјани) а 12 од повредените се во критична или сериозна состојба.
- Тоа е моменталниот биланс од вчерашното рандом пукање во Краков од автомобил во движење кое го извел Пољак од дваесетина и нешто години пред да биде совладан од полицијата.
- Три дополнителни тела подоцна се најдени во куќата на осомничениот, се верува дека тоа се членови на неговото семејство, обелодени премиерот Доналд Туск.
- Мотивот на крвавиот пир сè уште е непознат а првичните сознанија упатуваат дека убиецот имал „многу радикални ставови.“
- Неговиот обид за бегство заврши со судар и размена на оган со полицајците. Еден од нив, и самиот ранет, го пука од блиску но во моментов не е јавено дека идиотот е мртов.