- Во Хрватска се онесува нов правилник по кој затворот ,ора да ги извести жртвите (или нивните семејства) за секое излегувае на насилникот од затвор. Пред да биде пуштен, судија ќе може да побара и мислење за тоа на жртвата или нејзиното семејство.
- Обврските се однесуваат на сите сторители на насилни кривични или прершочни дела.
- Промените се носат затоа што често се има случувано затвореникот да го повтори делото додека е надвор, а неговите жртви, заради незнаење, воопшто да не бидат подготвени за тоа.
- Законски се гарантира право за бесплатно внесување на еден личен предмет во авионот, ако се работи за мал ранец, чанта или торба за лаптоп со максимални димензии од 40 × 30 × 15 сантиметри (и волумен до 18 литри), под услов предметот да може да се смести во просторот под седиштето пред патникот.
- Ова право е безусловно и мора да биде овозможено бесплатно, без оглед на видот на купениот билет или авиокомпанијата со која се патува.
- Со новото правило се изџбегнува праксата на „drip pricing“ при која првично се прикажува ниска цена на билетот, а потоа, во текот на процесот на купување, се додаваат задолжителни дополнителни трошоци.
- Од друга страна, стандардните поголеми рачни багажи со тркалца (55 × 40 × 20 сантиметри) не стануваат автоматски бесплатни за сите видови билети но изрично се бара овие трошоци да бидат јасно и однапред обелоденети, со што се осигурува дека за патниците нема да има изненадувања во моментот на качување во авионот.
- „Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ. Една од тезите со која Филипче ја манипулира јавноста дека бугарското барање за уставни измени не носи ризици по националниот идентитет е тврдењето дека преговарачката рамка гарантира дека македонскиот јазик ќе стане и еден од службените јазици на ЕУ. Ова е голема манипулација која има за цел да создаде чувство на лажна сигурност и обид политички да се покрие грешката со која владата на СДСМ го прифати бугарското билатерално прашање како составен дел од „францускиот предлог”, пишува Антонио Милошоски.
- Ја наведува последната стратегија ‘Preparing for a wider Union’, каде се нагласуваат членот 55 од Договорот за ЕУ и чл.342 од Договорот за функционирањето на ЕУ.
- Правилото е едноставно: официјалните јазици на институциите на ЕУ, без исклучок, се определуваат со едногласна одлука од страна на Советот на ЕУ!
- Тоа значи дека ЕУ може да добие нов службен јазик ако тоа биде побарано од земјата кандидат која преговара, но под услов ниту една земја членка да нема приговор/вето на таквото барање.