- Холандија нема да го поддржи барањето на Бугарија за влез во Шенген зоната на состанокот на Советот на ЕУ во Брисел следната недела.
- Оценуваат дека Бугарија не ги исполнува потребните услови за членство во Шенген, особено во поглед на корупцијата и организираниот криминал.
- Претходно холандската администрација донесе одлука да го поддржи пристапувањето на Романија и Хрватска во Шенген.
- „Зошто треба да нè загрижи холандското вето за влезот на Бугарија во Шенген зоната? Ако Бугарија не заслужува влез во Шенген зоната по сите спроведени реформи и позитивни оценски мисии, како тогаш Македонија ќе добие прием во Европската Унија?“, се прашува Ивица Боцевски.
- Претставничкиот дом на Парагвај ја одби понудената оставка на претседателот Сантјаго Пења за да може да му го одземе имунитетот и да покрене импичмент во Сенатот, што најверојатно ќе заврши со обвинение и судски процес.
- Одземањето на имунитетот било акламативно, вклучувајќи ги и пратениците од неговата партија а на Пења му беше одреден куќен притвор.
- Незадоволни од тоа, демонстранти се собраа пред неговата резиденција, во еден моментиот ја пробија блокадата па Пења итно бил евакуиран во некоја воена база.
- Причина за скандалот е затворањето на најголемата дигитална банка, Уено, која беше ставена под управа на централната банка откако се утврди дека паднала под предвидениот минимум солвентност. Преку три милиони луѓе во Паргвај останаа без своите пари па дополнително ќе бидат обесштетувани.
- Долго откако беше избран на функцијата, претседателот Пења одржувал бизнис релации со сопственикот на банката, групацијата Веласкез.
- Уапсени се група директори во Уено а претстедателот на Централната банка, Карлос Каваљо поднесе оставка. Не е сигурно дека ќе помине само со тоа: поставен е таму пред три години од Пења откако беше прв човек на финансиската компанија која прерасна во Уено.
- Во српскиот дневен весник „Данас“ под псевдонимот „Пријател на студентите“ со месеци беа објавувани текстови со политички и правни совети до студентите блокадери (во периодот пред вонредните парламентарни избори), вклучувајќи предлози за стратегија, формирање експертска влада, отворање кон ЕУ и состав на Студентската листа.
- По изборите, авторот го обелодени својот идентитет: Александар Маршавелски, вонреден професор на Правниот факултет во Загреб но уште поважно, член на хрватскиот совет за граѓански надзор на безбедносно-разузнавачките служби на Хрватска.
- Маршавелски поднесе оставка на таа функција но обелоденуваето на неговиот идентитет ги подгреа сомневањата на довчерашните српски власти дека рушењето на Вучиќ било инструирано од странски центри.