- Искорнати кабли, оштетени кутии, извлечени кабли, уништени струјомери... Ова беше сликата на која вчера наидоа екипите на ЕВН во Арачиново.
- Претходните обиди на ЕВН да испратат екипи во Арачиново најчесто завршувале со вербални расправии и физички пресметки. Од ЕВН велат дека полицијата ретко кога доаѓала да помогне.
- Полицијата своевремено објаснуваше дека во Арачиново не казнуваат затоа што немаат казни.
- Според пресметките на ЕВН, во Општина Арачиново годишно се краде струја вредна шест милиони евра.
- Оваа цифра Бектеши ја гледа како „само 10%“ од украдената струја на ниво на државата и тврди дека Арачиново е дискриминирано со години.
- Во 2020-та година Владата на Заев на Арачиново му даде 500.000 евра помош во услови на ковид, при што Арачиново немаше никакви посебни ковид потешкотии различни од другите општини (Види: Битка за Арачиново)
- Пред една недела Артан Груби соопшти дека на Арачиново владата му дава 1,1 милион евра за санација на канализацијата.
- Лани дознавме дека Арачиново не платило ни денар данок а годинава дознавме дека така е цели 20 години зашто немале софтвер: Шест градоначалници ја водеа оваа општина од 1996 година и никој од нив не успеал да воведе систем, односно компјутерски софтвер за наплата на овој данок.
- Најјака иронија е што името Арачиново доаѓа од зборот арач, односно данок.
- Претставничкиот дом на Парагвај ја одби понудената оставка на претседателот Сантјаго Пења за да може да му го одземе имунитетот и да покрене импичмент во Сенатот, што најверојатно ќе заврши со обвинение и судски процес.
- Одземањето на имунитетот било акламативно, вклучувајќи ги и пратениците од неговата партија а на Пења му беше одреден куќен притвор.
- Незадоволни од тоа, демонстранти се собраа пред неговата резиденција, во еден моментиот ја пробија блокадата па Пења итно бил евакуиран во некоја воена база.
- Причина за скандалот е затворањето на најголемата дигитална банка, Уено, која беше ставена под управа на централната банка откако се утврди дека паднала под предвидениот минимум солвентност. Преку три милиони луѓе во Паргвај останаа без своите пари па дополнително ќе бидат обесштетувани.
- Долго откако беше избран на функцијата, претседателот Пења одржувал бизнис релации со сопственикот на банката, групацијата Веласкез.
- Уапсени се група директори во Уено а претстедателот на Централната банка, Карлос Каваљо поднесе оставка. Не е сигурно дека ќе помине само со тоа: поставен е таму пред три години од Пења откако беше прв човек на финансиската компанија која прерасна во Уено.
- Во српскиот дневен весник „Данас“ под псевдонимот „Пријател на студентите“ со месеци беа објавувани текстови со политички и правни совети до студентите блокадери (во периодот пред вонредните парламентарни избори), вклучувајќи предлози за стратегија, формирање експертска влада, отворање кон ЕУ и состав на Студентската листа.
- По изборите, авторот го обелодени својот идентитет: Александар Маршавелски, вонреден професор на Правниот факултет во Загреб но уште поважно, член на хрватскиот совет за граѓански надзор на безбедносно-разузнавачките служби на Хрватска.
- Маршавелски поднесе оставка на таа функција но обелоденуваето на неговиот идентитет ги подгреа сомневањата на довчерашните српски власти дека рушењето на Вучиќ било инструирано од странски центри.