- 75-годишна баба е уапсена под обвинение дека е организатор на монархистичка терористичка група која сака уривање на германската република и враќање на „Кајзерот“.
- Наводно бабата заговарала монархистичка револуција, која предвидувала киднапирање на министерот за здравство и напади врз електричната мрежа на земјата, кои ќе доведат до граѓанска војна и возобновување на Пруската монархија.
- Пензионираната наставничка Елизабет Р., која ја има изгубено својата пензија заради негирање на легитимноста на модерната германска држава, властите ја водат како духовен и организациски лидер на терористичката група.
- Таа меѓу другото е и ко-автор на долги текстови во кои тврди дека Договорот од Версај, со кој се става крај на Првата светска војна, е невалиден и дека Германија правно се уште е монархија.
- Не септемвриската листа должници на УЈП на врвот се три скопски фирми. Овој месец, најмногу должи компанијата „Хант осој трејд“, регистрирана во Скопје – 14,87 милиони евра.
- „Не поседува движен и недвижен имот. Има присилна наплата од парични средства. Утврдена е даночна гаранција, во тек се мерки за наплата од даночен гарант“, велат од УЈП за фирмата.
- Сличен износ должи уште една скопска фирма, регистирана во Визбегово – „Окитна трејд“, трета е компанијата „Лисав“, исто така регистрирана во Скопје.
- Оваа должничка листа се однесува на долговите што требало да се намират до 31 мај, а не биле регулирани ниту до 31 август. Се работи за обврски што произлегуваат од ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојните вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за компаниите и институциите, пренесува Слободен печат.
- Организацијата Big Brother Watch открива дека помеѓу 2021 и 2025 година биле уапсени 62.199 лица за дела поврзани со слободата на говорот, што претставува приближно 34 апсења дневно.
- Од нив, најмалку 18.500 лица биле обвинети, а 12.292 биле осудени. Наодите се базираат на барања за слободен пристап до информации.
- Групата открила и големи географски разлики во спроведувањето. Полицијата во Камбрија регистрирала околу 25,7 апсења на 10.000 жители во текот на пет години, во споредба со само 1,9 во соседната Нортумбрија.
- Big Brother Watch тоа го нарекува „Лотарија на поштенските кодови“.