Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Фирма за долна облека земала 8,3 милиони евра од тендерот за автопатишта

14 март 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Домашната фирма „Електра солушн“ која до сега не работала надзор туку главна дејност ѝ била производство на долна облека доби најголем дел од 22,3-милионскиот тендер за надзор на автопатите кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“, објави „360 степени“.

  • „Електра солушн“ добила 8,3 милиони евра, додека „Евро консалтинг“, на Бранислав Димитријевиќ, за кого има обвинение во Ерменија, 7,1 милиони евра од тендерот.

  • „Електра солушн“, до објавувањето на тендерот немала лиценца за надзор. Барање до Министерството за транспорт и врски фирмата го доставила 12 дена по објавување на тендерот, а лиценцата е издадена за помалку од 5 дена.

  • Она што на јавноста ѝ се претставува како надзор од меѓународни експерти, всушност, е само завеса зад која доминантно стојат домашни кадри. Од 81 експерт кој ќе биде вклучен во надзорот, само 5 се странци од кои четворица од земји од соседството.

  • Вртоглави суми за надзорот над „Бехтел и Енка“ – 300 илјади евра по преговарач, 20 илјади евра месечно за надзорен инженер, пишува 360 степени.

 

извор

Трамп нè пеплоса, нафтата пак отиде над стотка

9 септември 2026
  • Share
  • Post
  • За првпат после јули, цената на нафтата отиде преку психолошката граница од 100 долари за барел.
  • Цената ја следеше ескалацијата на односите меѓу САД и Иран. Американците се пофалија дека уништиле пет ирански танкери за нафта, овие возвратија со напади врз американскиот сојузник Јордан и советуваа танкерите во Кувајт и Бахреин да се евакуираат.
  • Европскиот STOXX 600 падна околу 0,7%, а во минус беа и германскиот, францускиот и британскиот индекс. Но, најголема опасност е инфлацијата.
  • Пред војната, нафтата беше околу 70 долари за барел.
извор

Мицкоски: Сите настани поврзани со прославата на 8. Септември, граѓаните и Буџетот ги чинеа нула денари

9 септември 2026
  • Share
  • Post
  • „Имам лоша вест за сите оние кои шпекулираа, негодуваа, клеветеа, пласираа лажни информации, а молчев. Не сакав да зборувам затоа што оставав сето тоа што претставуваше навистина посебен момент за градовите низ земјава да биде посебен момент и за граѓаните во тие градови. Имаше таков настан и тука, во Штип. Лошата вест е дека буџетот сите овие настани го чинат нула денари. И граѓаните и буџетот сите овие настани ги чинат нула денари“, рекол премиерот во Штип.
  • Нагласил дека сето ова што го говори може слободно да се провери на „Отворени финансии“ и нагласи дека сè било организирано од општествено одговорни компании.
  • „Жалам што кај поединци работи Фројд, што мислат како тие би правеле, па мислат дека и некој друг така прави. Но, ова е домаќинска Влада. Ова е Влада промакедонска, која се грижи за граѓаните, пронародна, и секој денар, секој денар буџетски средства се троши на транспарентен начин“, пренесува Фокус.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Американците ни го признаа ќ-то

Разно
2

Комити го заменија Ѕинго со Миленко

Фудбал
3

Ние Оффнет се придружуваме кон честитките

Македонштина
4

Јагшемаш!

Онака
5

СДСМ тврди дека само за Дејвид Гета отишле еден милион евра

6

Пола од младите нема да можат да го разберат ова

7

Ратко Младиќ добро ни го збибери

Балканштина
8

Материјал за љубовен филм

Балканштина
1

Пола од младите нема да можат да го разберат ова

2

СДСМ тврди дека само за Дејвид Гета отишле еден милион евра

3

Франција е задолжена како Грција пред големата криза

Бизнис
4

Нетанјаху бил предупреден за седми октомври. Не мрднал со прст.

Свет
5

Исланд: Зошто ѝ кажавме НЕ на ЕУ?

Мислења
6

Кроток Пекинг и од Украина и од Русија цица

Мислења
7

Мицкоски: Сите настани поврзани со прославата на 8. Септември, граѓаните и Буџетот ги чинеа нула денари

8

Саутпарк се прекрстија во СаутАмерика за да го претркаат Трамп

Телевизија
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

И за ова ли треба упатство???

Разно

Американците ни го признаа ќ-то

Македонштина

Ние Оффнет се придружуваме кон честитките

Балканштина

Материјал за љубовен филм

Македонштина

Немојте и колата да ви ја донесе

Македонштина

Охрид блокиран дур кажит кумот

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Лепи Села лепо пише

Малку демек ги кара Трендо и Геро, малку...

Амди версус Маја

Заев игра на сигурно

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy