- Германските десничари АфД извадија програма во десет точки за првите 100 дена откако на изборите на 6 септември планираат да ја преземат власта во покраината Саска-Анхалт.
- Нивната победа таму се чини неизбежна со оглед на тоа што имаат поддршка од 40 % и веројатно и сами ќе можат да состават влада.
- Планираат да укинат задолжително плаќање на јавниот медиумски сервис, да ги зголемат капацитетите за притвор на оние кои чекаат депортација, да укинат финансирање на организации кои добиваат пари од странство, да забранат истакнување друго знаме освен државното во училиштата, да ги преиспитаат мерките донесени за време на пандемијата и да дадат субвенции за учениците во занаетчиските струки.
- АфД би можеле да бидат владејачка партија и на сојузно ниво бидејќи имаат предност во однос на владејачките но ЦДУ но за тоа во моментов немаат доволно коалиционен мастраф.
- За да го спречи Иран да наплаќа патарина за бродовите во Ормускиот проток, Трамп од денеска ја враќа американската блокада за ирански бродови, а на сите други им наметнува „надомест за заштита“ во висина од 20% од проценетата вредност на товарот.
- „Ормускиот проток е отворен и ќе остане отворен, со или без Иран. Ја враќаме иранската блокада. Сите други земји ќе можат фер и отворено да го користат Протокот... Заштитуваме многу богат дел од светот. Трошиме пари. Треба да ни биде платено за заштита“, напиша Трамп во конфузна порака.
- Со ова Трамп всушност го потврди ставот на Техеран дека комерцијалните бродови треба да му плаќаат патарина на оној што го контролира протокот. Прашањето е кој ја има контролата.
- „ПОТУС е апсолутно во право. Кој и да овозможува безбеден премин на комерцијални бродови низ Ормускиот теснец треба да биде компензиран за услугата. Иран отсекогаш бил и засекогаш ќе остане заштитник на протокот. Надомест од 20% е секако премногу. Ние ќе бидеме фер“, порача министерот за надворешни работи, Абас Арагчи.
- Меѓународната поморска организација на ОН тврди дека нема правна основа да се наплаќа патарина за бродови во кој било морски теснец.