Издавачката компанија Хопгносис реши да ги купи правата за целокупниот музички каталог на Џастин Бибер.
Се работи за 290 песни издадени пред крајот на 2021 за што компанијата ќе плати 200 милиони долари.
Спрингстин го продаде својoт музички багаж за речиси 600 милиони, Дилан за 300 а на сличен потег се решија и Пол Сајмон, Нил Јанг, Леонард Коен, Стинг, Фил Колинс....
Володимир Зеленски го отфрли предлогот на германскиот канцелар Мерц за асоцијативно членство на Украина во Европската Унија, без да мора Киев да ги исполни строгите критериуми, но и да нема право на глас.
„Не е фер Украина да биде присутна во ЕУ, а да остане без глас. Време е да се продолжи со членството на Украина на целосен и значаен начин“, напиша Зеленски во писмо до европските лидери.
Тој додаде дека Украина дејствува како „бедем против руската агресија“ за целиот блок од 27 земји.
„Ја браниме Европа – целосно, не делумно и не со полумерки. Украина заслужува фер пристап и еднакви права во рамките на Европа“, додава премиерот, чија влада е потресена од низа скандали за корупција.
Европски функционери сметаат дека не е реално Украина да ги исполни условите за полноправно членство во следните неколку години. Пристапувањето бара и ратификација од сите 27 членки, што ја зголемува можноста за блокада или за развлекување на процесот.
Мобилниот оператор на семејството Трамп потврди дека поради безбедносна дупка протекле лични податоци за 27.224 луѓе што го нарачале новиот „златен“ мобилен телефон Т1.
На интернет биле откриени имиња, електронски и поштенски адреси на луѓето што платиле депозит за телефонот, вклучувајќи и идентификатори на нарачките.
Внатрешната истрага на TrumpMobile утврдила дека не се загрозени чувствителните финансиски податоци за платежните картички и банкарските сметки. „Нема повреди на мрежата, системите или на инфраструктурата“, изјави портпаролот Крис Вокер.
Телефонот Т1 во златна боја беше пласиран на пазарот со задоцнување од цела година. Раните купувачи се регистрираа и платија депозит од 100 долари, за да го добија телефонот по привилегирана цена од 499 долари.
Производителите отстапија од првичната најава дека телефонот целосно ќе биде произведен во САД и втиснаа погрешно американско знаме на позадината.