- Школска лекција за правната држава одржа австралискиот сојузен судија Ентони Кели, поништувајќи ја несфатливата и неразумна одлука на државните власти за поништување на влезната држава за Новак Ѓоковиќ, кој таму стигна за да го освои десетиот Австралија Опен, вкупно 21-виот Гренд Слем и службено да се запише како Најголемиот на сите времиња.
- Е сега, замислете Србија да е правна држава како Австралија, фантастичниот судија Ентони Кели, наместо во сојузниот суд во Мелбурн, да работеше во Првиот основен суд во Белград, а наместо случај за виза, да разгледува кривична пријава и обвинение на јавното обвинителство за загрозување на здравјето на други луѓе.
- На господинот Новак Ѓоковиќ не би му гинеле три години затвор, на колку беше осуден 38 годишниот С.З. од Ниш, заради кршење на правилата на задолжителна самоизолација.
- Собранието ги усвои измените на Законот за административни службеници со кои административците што две години по ред ќе добијат оценка „1 - не задоволува“ ќе го загубат работното место.
- Освен построги правила за оценување, законските измени носат и промени во напредувањето, дисциплинската одговорност и организацијата на административната служба. Власта тврди дека целта е поефикасна, потранспарентна и попрофесионална администрација, додека опозицијата предупредува дека дел од решенијата отвораат простор за политички притисоци врз вработените.
- Една од клучните новини е укинувањето на можноста за унапредување без претходно објавување интерен оглас.
- Опозициската СДСМ не ги поддржале измените. „Една работа да пофалевте, да речете добро е, се исправи една работа“, рекол координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски.
- Вештакот Петре Русески, ангажиран од одбраната во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на денешното рочиште рече дека не смета дека постои основ за негово изземање, откако Обвинителството откри дека е обвинет за давање лажен исказ во друг предмет.
- Рекол дека за обвинението против него 2 години немало рочиште.
- Русески остана на ставот дека од градежен аспект објектот одговорил на својата намена и дека изведените зафати претставувале „градежно-занаетчиски работи“. Овој вештак го изработи градежното вештачење за одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов и за двајца други обвинети.
- Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката Пулс, остро реагираа на изнесените тврдења во судницата од страна на вештакот на одбраната и на минатото рочиште. Александар Наунов, во изјава за медиумите на паузата од минатото рочиште, истакна дека “изведените градежни зафати не може да се третираат како обични занаетчиски работи со цел да се избегне одговорноста за градење без одобрение”, потенцирајќи дека судскиот процес “не е само за градежни конструкции, туку за безбедноста, одговорноста и загубените човечки животи”.