Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Деца од Битола без дозвола од родителите завршија кај Радев и Симеон Втори

21 јули 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Деца од битолското детско ликовно студио  „Свети Кирил и Методиј“ деновиве без дозвола од родителите биле однесени во посета кај бугарски политичари, вклучително и претседателот Радев.
  • Освен кај Радев и компанија, децата биле однесени и на грбот на цар Борис Трети, бугарскиот цар кој владее во време на бугарската окупација на Македонија и депортацијата на Евреите во Треблинка.
  • Организаторите на посетата на Софија не ги известиле родителите на децата што ќе посетат и со кого ќе одат на средба, иако се должни да го направат тоа.
  • Од Меѓаши ова го квалификуваат како „злоупотреба на деца за политички цели“, a МВР поднесе пријава за целиот настан.
  • Претседател на Управниот одбор на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“,  е Славчо Неделковски, кој за време на посетата на „Мал Монмартр во Софија“ на почетокот на јули му врачи награда на Милен Врабевски, бугарскиот бизнисмен и филантроп кој ги финансираше бугарските клубови „Ванчо Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид, а кои беа избришани од Централен регистар. Врабевски доби награда за донацијата од 18.000 евра за „Битолски монмартр“ наречена „Мецена на годината за 2023“.
извор

ЕУ се откажа од идејата за „придружно членство“ на Канада

29 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • По реакција на Германија и други членки, ЕУ се откажа од планот Канада да добие статус на „придружна членка“ на Европската Унија.
  • Во нацрт-текстот на изјавата што ќе биде објавена на крајот од самитот Канада-ЕУ во Монтреал, изразот „придружно членство“ е заменет со „сè поблиска асоцијација“.
  • Германија реагирала дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не се консултирала со членките пред да ја претстави идејата во своето годишно обраќање во септември. Резервираност изразиле и Франција, Италија и Грција.
  • „Се чини дека никој не бил консултиран за придружно членство освен нејзиниот најблизок персонал. Многу земји-членки, вклучително и Германија, не беа задоволни“, изјави дипломат од Брисел.
извор

Македонија повторно на ѕидот на срамот во ОН

29 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Исто како и лани (видете: „Куба, извини за нашите вазали“), Македонија повторно гласаше во Обединетите нации ПРОТИВ укинување на економското ембарго од САД за Куба.
  • За укинување на ембаргото гласаа 130 земји, 25 беа воздржани, а против беа 17. Резолуцијата нема обврзувачки карактер, но го покажува политичкото подредување на членките на ОН.
  • Овој пат САД успеаја да убедат повеќе земји да апстинираат или да гласаат против. Меѓу земјите што гласаа против укинувањето на ембаргото беа и Словенија и Босна и Херцеговина. Германија и Италија првпат се воздржаа од гласање по повеќегодишна поддршка за укинување на ембаргото.
  • САД уште во 1962 година воведоа трговско ембарго за Куба како „неопходна казна“ за комунистичката влада, која ја сметаат за „корумпирана и диктаторска“. Трамп воведе и општа блокада на гориво и се закани дека „ќе се справи со Куба кога ќе ја заврши војната во Иран“.
  • Кубанците денес се соочуваат со секојдневни рестрикции на струја, немаат доволно гориво и храна, но не потклекнуваат.
  • „Ова гласање ја подига свеста кај многу луѓе кои едноставно не разбираат како ембаргото влијае врз кубанскиот народ и нашиот секојдневен живот, низ што поминуваме, како страдаме... Тоа е најважно - далеку над политичките ставови или каков било вид идеологија“, изјави за Ројтерс жител на Хавана.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Двојазичност на албански начин

Македонштина
2

Ниту сме истото, ниту сме същото

Разно
3

Стварноста нуди бесплатни реклами

Реклами
4

Вучиќу, не си единствен

Балканштина
5

На „револуционерите“ никогаш не им е доволно

Балканштина
6

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина
7

Борец Жилче со честитки до Хари Кејн

Фудбал
8

Хартиените цевки се поштетни од пластичните

Занимливости
1

Хартиените цевки се поштетни од пластичните

Занимливости
2

„Црвена тревога“ во Србија по напад врз Амбасадата на Израел во Белград

3

Флавио Болсонаро избега во САД

4

Шведска се откажа од мРНК вакцини за ковид

5

Наместо да протестираат, младите Германци емигрираат

Свет
6

Путин го покани Зеленски на директни разговори во Москва

7

Британците од зорт се изнакупуваа тоалетна

Свет
8

Обвинителството попусто ја чека Урсула да одговара за „Фајзергејт“

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина

Желботека

Балканштина

На „револуционерите“ никогаш не им е доволно

Балканштина

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

За потеклото на терминот „Hangover“

Да ја започнеме годината со пригодно лудило

Математиката што ги предвиде револуциите

Да симнеме тоа гаќите

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy