- Цената на кутија цигари во Германија ќе се зголеми од 8 на 12 евра до 2030 година, поради најавеното драстично зголемување на даноците - за 40% повеќе отколку што досега беше најавено.
- Ќе се зголемат и даноците за тутунот за луле, за пури и за наргиле, а за течностите за е-цигари ќе се зголемуваат за по 1 цент за милилитар.
- Причината е едноставна – да се пополни поголемата дупка во федералниот буџет, известува RND. Проектирано е повисоките даночни стапки да генерираат дополнителни приходи од приближно 756 милиони евра во 2027 година, односно 3.589 милијарди евра во 2030 година.
- „Зголемувањето на даноците е заради заштита на јавното здравје и е во согласност со целта на федералната влада за намалување на стапките на пушење кај младите и возрасните“, изјавиле владини извори за RND.
- Министерството за внатрешни работи на својата официјална фејсбук-страница објави фотографија генерирана со вештачка интелигенција, без притоа да ја означи како таква.
- Фотографијата беше објавена како илустрација на информација за спасување планинар на Матка. Корисниците на социјалните мрежи брзо забележаа очигледна грешка – раката на еден од полицајците беше неприродно издолжена, што е една од честите аномалии кај сликите создадени со вештачка интелигенција.
- По реакциите во јавноста, МВР ја повлече спорната фотографија и ја замени со друга.